Контакт

Вести

Шојгу: Украина е целосно одговорна за катастрофата на малезискиот авион

Објавено пред

Украина е единствено и целосно одговорна за катастрофата на малезискиот патнички авион, од 17-ти јули во источна Украина кога загинаа 298 луѓе, изјави во средата рускиот министер за одбрана генерал Сергеј Шојгу, на средбата со неговиот малезиски колега Хашамудин Хусеин, кому му ги предал податоците што руската страна ги има за несреќата.

dobivaj vesti na viber

Малезискиот министер одбрана пристигна во куса посета на руската престолнина, ден откако холандската истрага го објави прелиминарниот извештај за трагедијата со малезискиот авион. Според портпаролката на малезиската амбасада во Москва, министерот за одбрана Хашамудин Хусеин по средбата со рускиот колега Сергеј Шојгу ќе има средби со највисоките руски функционери.

„Катастрофата се случи во воздушното пространство на Украина, којашто ја понесува целата одговорност за она што се случи“, изјави Шојгу, пренесе Итар-Тасс.

„Убеден сум дека доколку Украина ги решаваше внатрешните проблеми без примена на вооружените сили, без крвопролевањето кое се одвива последните месеци, без употреба на тешка артилерија вклучително и ракетна, без примена на авијација (…), оваа трагедија немаше да се случи“, истакна Шојгу обраќајќи му се на колегата Хусеин.

Холандските истражители во прелиминарниот извештај наведуваат дека можна причина за падот на малезискиот авион е тоа „што претрпел отштетување од проектили со голема брзина“ непрецизирајќи го нивното потекло ниту природата. Авионот „се распаднал во воздух веројатно поради структуралните оштетувања предизвикани од голем број високоенергетски објекти со голема брзина кои однадвор го погодиле“, се наведува во извештајот на Холандското биро за безбедност (OVV) кое ја води меѓународната истрага, а неговата портпаролка во средата за РИА Новости потврди дека во телата на пилотите биле откриени „надворешни објекти“.

САД и Киев ја обвинуваа Русија дека на проруските бунтовници во источна Украина, кои ја контролираат територијата на којашто падна малезискиот „боинг“, им доставила ракетен систем „Бук“ и дека тие го собориле авионот со ракета земја-воздух. Москва пак тврди дека нејзините радарски системи откриле дека во периодот на несреќата бил активен ракетен систем „Бук“ на територијата која ја контролира украинската армија како и дека украински ловец летал покрај малезискиот авион. Американски експерти, пак, за малезиските медиуми во почетокот на август наведоа дека според дупките на остатоците од авионот може да се заклучи дека врз него е дејствувано од борбен авион.

На 6-ти август, малезискиот весник The New Straits Times, повикувајќи се на странски експерти, меѓу кои и американски, пишуваше дека малезискиот „Boeing 777“ бил најверојатно со борен од ракета или од топ на ловец „Сухој Су-25“, пишува во средата малезискиот магазин. Експертите, консултирани од магазинот, сметаат дека борбениот авион истрелал ракета „воздух – воздух“ врз патничкиот авионк, а потоа го „довршил“ со истрел од неговиот 30-милиметарски топ. Според нив, со тоа можат да се објасни природата на оштетувањата на авионот и разлетувањето на остатоците од него. Имено, тие посочуваат на постоењето на заоблени влезни-излезни дупки на пронајдените фрагменти од малезискиот авион, коишто се типични за истрели од топ, исто како и при експлозија на ракета чиишто шрапнели можат да предизвикаат такви дупки.

Според оваа нова верзија, била употребена топлински самонаведувана ракета којашто носи трикилограмска боева глава, којашто го погодила најчувствителното место на авионот – моторите. Оваа верзија ја исклучува претходната според којашто авионот бил соборен со ракетниот систем „Бук“, бидејќи според експертите доколку авионот би бил погоден со ваков проектил од него не би останало речиси ништо, и не би имало потреба од „дополнителен“ напад од топ.

Како што истакнува магазинот, „Су-25“ може да достигна максимална височина од 25 илјади фути (7.600 метри), а малезискиот авион летал на височина на 10.600 метри. Сепак, според соговорник The New Straits Times, „’Су-25’ би требало да дејствува на границите од своите перформанси, но тоа е возможно“.

Четири дена по несреќата на летот МН17 од Амстердам до Куала Лумпур, началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, генерал-потполковникот Андреј Картаполов на прес-конференција во Москва соопшти дека украински ловец од типот „Сухој Су-25“ бил 3 до 5 километри оддалечени од малезискиот „Boeing 777“ непосредно пред неговиот пад, кој притоа ги повика САД да објават сателитски снимки од тој временски интервал, а украинскиот претседател Петро Порошенко одговори дека во времето на несреќата сите украински авиони биле приземјени.

„Видовме дека украинскиот авион ’Су-25’ се крева кон малезискиот ’Boeing’ кој од него беше оддалечен 3 до 5 километри. Су-25 може да лета на височина до 10.000 метри. Носи ракети со дострел од 12 километри и сигурно гаѓа цел на растојание до 5 километри“, изјави генералот Андреј Картаполов на прес-конференцијата во Москва. „Се прашуваме: зошто ловецот летал на таа височина кога и цивилен авион?“, додаде Картаполов.

Авионот од типот „Сухој Су-25“ кој во класификацијата на НАТО се именува како Frogfoot примарно е јуришен авион за напади на цели на земјата. Но постои варијанта и можност овој тип авион да биде опремен со ракета Р-60 воздух-воздух.

Рускиот министер Шојгу во средата повтори дека украинската страна досега сé уште не одговорила на прашањата што и’ ги постави руското министерство за одбрана. „Ние формулиравме десет едноставни прашања до украинската страна, а одговорите на нив можат да ги расветлат околностите во кои се случила несреќата. За жал, досега не добивме одговор“, изјави Шојги.

Додаде дека руското министерство за одбрана е подготвено да и укаже секаков вид помош на Малезија во поглед на расветлувањето на трагедијата. „Од своја страна, подготвени сме да укажеме сета неопходна помош, поддршка во разјаснувањето на причините на несреќата“, рече Шојгу обраќајќи му се на колегата Хусеин.

„Истрагата мора да биде независна и непристрасна, и резултатите треба да бидат претставени на целата светска заедница“, истакна Шојгу.

Истакнал дека на брифингот во Министерството за одбран на Русија биле презентирани податоците коишто ги поседува руската контрола во врска со несреќата на малезискиот авион и сета документација преведена на англиски јазик преку малезиската амбасада во Москва била предадена на сите земји „кои загубија свои државјани во несреќата“. „Подготвени сме да го сториме тоа повторно. Подготвени сме да одговориме на прашањата коишто може да се појават во врска со оваа презентација“, истакнал Шојгу.

Потенцирал дека посетата на Москва на малезискиот министер за одбрана била непланирана и е во врска со несреќата на авионот.

Малезискиот министер Хашамудин Хусеин изјави дека резултатите од „истрагата се многу добри“. „Пристигнав во Москва директно од Киев и ќе се сретнам и со заменикот министер за надворешни работи. Ги добив ставовите на двете страни, и тие информации далеку ги надминуваат моите очекувања“, изјави Хусеин./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 час

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Македонија2 часа

ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица, бара Левица

„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема...

Македонија3 часа

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од...

Економија3 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија4 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ4 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа5 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет5 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет7 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет7 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа7 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија7 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија7 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија19 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија21 час

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија23 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија1 ден

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...