Црна хроника
Нападната вработена на Токсикологија
Вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ на одделот за токсикологија била нападната од страна на едно лице на работното место.
МВР соопшти дека се работи за 38-годишна жена, која во моментот на нападот си ги извршувала своите работни задачи.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Прилеп се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал
Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Осуденици се тепале во затворот во Идризово
Денеска во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во саботата околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Таксист возел туристи, па сам од нивниот паричник си зел 1.700 денари за услугата
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.