Контакт

Вести

Седум либиски војници убиени во борбите со исламистите во Бенгази

Објавено пред

Седум војника загинале а повеќе од 60 се ранети во два напада и во борбите на либиската војска и исламистичките милиции во близина на аеродромот во северниот град Бенгази од каде започна во 2011-та бунтот со кој беше соборен деценискиот режим на либискиот водач Моамер ел-Гадафи, пренесува AFP повикувајќи се на воени извори.

dobivaj vesti na viber

Две автомобили бомби експлодирале при минување на воен конвој во близина на меѓународниот аеродром, при што загинале тројца војници, а повеќето беа ранети. Уште четворица војници ги загубиле животите, исто така, во близина на аеродромот, изјави портпаролот на специјалните единици на либиската војска.Според овој извор, 62 војници се ранети и хоспитализирани во болницата во Ал Марџ, стотина километри источно од Бенгази.Од почетокот на септември припадниците на исламистичките милиции кои учествуваа во соборувањето на режимот на полковникот Моемар ел-Гадафи што беше поддржано од Западните земји, се обидуваат да го преземат надзорот над аеродромот, комплекс во кој има и цивилен дел и воена воздухопловна база.Судирите меѓу бунтовниците кои од јули контролираат голем дел од Бенгази и војниците лојални на пензионираниот генерал Халифа Хафтар кој своевремено пребега од војската на Гадафи во САД, се речиси секојдневни. Меѓутоа, досега не беше вообичаено страните да ги објавуваат податоците за своите загуби во борбите.Генералот Хафтар на 16-ти мај започна воена операција против Аншар Ашарија, која либиските власти и САД ја сметаат за „терористичка група“, но не постигна досега поголем успех.Борците на Револуционерниот совет на Бенгази, еден вид сојуз на племенски милиции во кој влегуваат и џихадистите од Ансар Ашарија, во четвртокот ја продолжија офанзивата врз аеродромот./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Електронските документи издадени од јавни органи печатени на хартија ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат

Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции...

Македонија53 минути

Најстудено утро во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид...

Македонија1 час

Обвинение против десет лица осомничени за криумчарење луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале...

Свет2 часа

(Видео) Авион се урна во фабрика во Калифорнија и експлодираше, загинаа две лица

Две лица загинаа, а осумнаесет се повредени откако мал авион денеска се урна во фабрика за мебел во Калифорнија, јавува...

Европа2 часа

Зеленски: Трамп е силен и непредвидлив, може да ни помогне да го запреме Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека непредвидливоста на Доналд Трамп, кој треба да ја преземе функцијата во Белата куќа на...

Регион3 часа

Објавен текот на масакрот, манијакот уби 12 луѓе за 30 минути: познати се сите имиња на жртвите

Вршителот на должноста директор на Полициската управа во Црна Гора, Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица...

Регион3 часа

(Видео) Жителите на Црна Гора запалија свеќи за жртвите од масакрот во Цетиње

Стотици жители на Цетиње запалија свеќи за 12 жртви, меѓу кои и две деца, убиени на први јануари. Палењето свеќи...

Топ11 часа

Таткото со ловечка пушка си го убил синот во Тетово, соопшти полицијата

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана...

Македонија12 часа

Извлечено возилото кое излета од патот и падна во Вардар

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три женски лица....

Топ12 часа

Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана...

Топ13 часа

Автомобил падна во Вардар, четиригодишно дете пренесено на Клиника

Попладнево во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од...

Македонија18 часа

Во Струмица загаден воздух и надминат праг на алармирање, стапија мерки во сила

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Регион20 часа

Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора

Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора. „Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани...

Македонија23 часа

Заменик-директорот на „Македонијапат“, Сашо Дранго, се пофали дека застрелал мечка, „Анима мунди“ бара негово разрешување и најави кривична

„Заменик-директорот на ‘Македонијапат’ и претседател на Унијата на ветераните во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка, што...

Регион23 часа

Тројца пациенти стабилни, а еден маж во многу тешка состојба по масакрот во Цетиње, изведени тешки опреации во Клиничкиот центар во Подгорица

Четири лица повредени во масакрот во Цетиње се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Подгорица. Директорот на Клиничкиот центар, Александар Радовиќ,...

Регион23 часа

Објавени фотографии од 13-годишното момче убиено во масакрот во Цетиње: „Кој сега ќе ме насмее…“

Една од 12-те жртви на Ацо Мартиновиќ, кој вчера го изврши масакрот во Цетиње, е 13-годишното момче М. В.. Пријателите...

Скопје24 часа

(Фото) Герасимовски покажа како ќе изгледа новата сала „Работнички“: Го враќаме домот на македонската кошарка, работиме во полн ек

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на...

Топ1 ден

Жена загина на скопската обиколница – се движела пеш по автопатот или паднала од надвозникот кога во неа удрил автомобил

Жена загина на скопската обиколница во несреќата што се случи синоќа. Од Обвинителството по увидот соопштија дека се утврдуваат точните...

Македонија1 ден

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 степени било во Скопје Петровец, Битола, Струмица и...

Свет1 ден

(Видео) Пукање пред ноќен клуб во Њујорк, најмалку 11 ранети

Најмалку 11 лица се повредени во пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк, јавува Си-ен-би-си. Првичните информации велат дека пукањето...