Вести
Кенија: Најмалку 14 убиени во нападот на универзитетски кампус

Најмалку 14 луѓе се убиени и уште 65 се ранети во четвртокот која исламистички милитанти го нападнаа универзитетскиот кампус во Гариса на истокот од Кенија, недалеку од границата со Сомалија и притоа земаа студенти христијани за заложници.
Припадниците на кениската полиција и армијата го опколија кампусот, а веќе неколку часови трае престрелката меѓу безбедносните сили и напаѓачите, изјави за Reuters првиот човек на полицијата Жозеф Боане.
Одговорноста за нападот го зема исламситичката групација Ал-Шабаб, која е поврзана со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Таа потекнува од соседната Сомалија, но и изминатите години изведуваше неколку големи напади на територијата на Кенија, меѓу кои и нападот врз трговскиот центар во главниот град Најроби во септември 2013 година, кога беа убиени 67 луѓе, од кои многумина странски државјани.
Групата во четвртокот соопшти и дека земала во заложништво многу христијани. „Ги разделивме луѓето и ги ослободивме муслиманите“, изјавил за Reuters портпаролот на Ал Шабаб. „Во кампусот и натаму се водат борби“, потврдил.
Боане изјави дека напаѓачите без да гаѓаат отвориле оган откако влегле во универзитетскиот комплекс.
Најмалку 14 луѓе се убиени, изјавил неименуван полициски функционер, додека штабот за вонредни ситуации на Кенија соопштои дека бројот на ранетите се искачил на 65 лица. Црвениот крст, пак, соопшти дека се ослободени 50 студенти.
Американската телевизиска мрежа CNN јавува, пак, дека бројот на убиените е 15, како и дека во моментот на нападот во кампусот имало околу 550 студенти, од вкупно 815.
„Досега имаме 65 настрадани, сите имаат рани од куршуми или шрапнели“, изјавил лекар во болницата во Гариса. Четворица од повредените се во критична состојба, објави Националниот оперативен центар за кризни состојби на Twitter, додавајќи дека тие се префрлени во болница во Најроби.
Локалната полиција објави дека нејзините припадници им се спротиставиле на напаѓачите, кои се повлекле во зградите наменети за сместување на студентите. Очевидци изјавија дека во нападот учествувале пет вооружени лица, како и дека се убиени најмалку двајца припадници на обезбедувањето на кампусот.
Гариса, град со 120 илјади жители, се наоѓа на 140 километри од сомалиската граница. Во јули 202 година во нападите врз две цркви во овој град исламистичките терористи убија 17 луѓе,
Радикалната исламистичка група Ал Шабаб (Движење на младите муџахедини) одржува тесни врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, поради што нејзините челници последните месеци беа цел на операции на американските командоси. Ал-Шабаб се смета за хетерогена организација којашто обединува голем број фракции, поделени по идеолошка и клановска основа. И покрај тоа, според експертите, таа останува силна групација и претставува сериозна безбедносна закана. Изминатите шест години Ал Шабаб се бори против централните сомалиски власти и ги попречува хуманитарните активности на ОН во земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.