Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: УЈП требаше да влезе во контрола на невладините на Боки 13 уште пред четири месеци
Смешно и жално е што после четири месеци од добивање на сите докази за случајот Рекет, Заев дозволи УЈП да влезе во контрола на невладините организации на Боки 13, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Според нив, овој потег не требал да биде претставен како успех, туку како капитулација на правната држава.
„Досега пред обвинител требаше да бидат изведени и Кики и Фрики и Шеки, а нивните сметки да бидат прочешлани. Тоа ќе беше така доколку Зоран Заев беше чист и не беше главата на октоподот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека правдата ќе биде задоволена кога премиерот Зоран Заев ќе замине во политичка пензија. Само тогаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ, целосно ќе се расчисти најголемата криминална афера во македонската историја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

