Македонија
Ако не му се извинат за случајот „Рекет“, Димитров првпат во животот ќе тужи
Министерот за надоврешни работи Никола Димитров побара веднаш да биде повлечен текстот во кој неговото име е поврзано со случајот „Рекет“ и извинување од редакцијата. Ако не добие извинување и повлекување на текстот, министерот најави дека ќе тужи.
„Барам веднаш ‘Република’ да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот ‘Рекет’ и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам“, напиша на „Фејсбук“ министерот Димитров.
Тој нагласува дека нема да дозволи пропагандата да го валка во случај со кој, како што вели, нема апсолутно никаква врска.
„Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда. Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги. Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е“ стои во објавата на министерот Димитров.
Тужба по објавите за вмешаност во случајот „Рекет“ денес најави и премиерот Зоран Заев кој ги повика и останатите спомнати функционери да тужат за клевета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Да се испитаат потеклото на парите на Томовски и донациите во ДПМНЕ: антикорупцискиот тим на СДСМ со пријава до ДКСК
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“.
„Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма. ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден случај во кој се „перат“ функционерите на ДПМНЕ“.
Оваа пријава, додаваат од СДСМ, ја поднесуваат со цел ДКСК темелно да ги испита донациите на Томовски кон ДПМНЕ, кои како што велат, во неколку наврати надминуваат сума од 800.000 денари.
„Какво е потеклото на парите кој Томовски ги донира на ДПМНЕ? Дали донираните пари се поврзни со оваа фирма? И веќе кога Томовски се огрдува и негира поврзаност со било каква фирма и приватен бизнис, од каде тогаш е потеклото на парите кои ги донира Томовски? Од каде има некој 800.000 денари да ги донира, од плата? ДКСК треба да истражи и да даде одговор на овие прашања.
Граѓаните се заситени од празни реторика на институциите и предмети кои користат за да се исперат функционерите на ДПМНЕ од одговорност“
Одговорност како што нагласуваат ќе има за секој инволвиран во криминал и корупција.
Македонија
Советниците од Левицата во скопските општини со иницијативи за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за рушење дивоградби
Советниците од Левица во скопските општини поднесоа иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка со Градот Скопје, со цел поефикасно и економично спроведување на надлежностите на општините во делот на градежната инспекција и отстранувањето на бесправно изградените објекти.
Со овие иницијативи, како што велат од таму, би се воспоставил системски пристап кон проблемот со бесправните градби на ниво на целиот град.
„Ваквиот пристап е неопходен за заштита на јавната безбедност, јавниот простор, како и за спречување на понатамошна узурпација на заедничките површини и создавање небезбедна и нерегулирана урбана средина.
Со ваквата иницијатива, всушност, наместо склучување на тендери и испумпување на енормни суми од општинските буџети на приватни фирми за рушење на дивоградбите – оваа должност би ја презела ЈП „Улици и патишта” – Скопје.
Амандман за меѓуопштинска соработка на Градот Скопје со сите скопски општини беше поднесен на последната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката група на Левица, но, за жал, истиот беше одбиен од мнозинството поради неиздржани процедурални причини (наводна нужност општините да поднесат ваква иницијатива до Градот, што не секогаш е случај). Од таа причина, уште истиот ден од одбивањето на амандманот – советниците од Левица во скопските општини ја иницираа оваа соработка“.
Додаваат дека ваква меѓуопштинска соработка на последната седница на Советот на Градот се воспостави со Општина Центар, по иницијатива на советниците од Левица во претходниот мандат во Општина Центар.
Апелираат до градоначалниците и мнозинствата низ Советите на скопските општини, без одложување, оваа иницијатива да ја стават на Дневен ред и да се усвои.
„Безбедноста на луѓето нема простор за каприц и ароганција“, истакнуваат од Левица.
Македонија
(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска
„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција. Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.
Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“. Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.
Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.
Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.
Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.
Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.
Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.
Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.
Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.
Крај на на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики.
Крај на изолацијата! Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

