Контакт

Вести

Британија ја отвора амбасадата во Техеран овој викенд

Објавено пред

Велика Британија повторно ќе ја отвори својата амбасада во Иран во текот на претстојниот викенд, речиси четири години откако демонстрантите ја опустошија и го запалија британското знаме.

dobivaj vesti na viber

Ваквиот потег за коментаторите означува затоплување на односите меѓу Лондон и Техеран, откако кон крајот на јули во Виена беше постигнат договорот за ограничувањето и контролата на иранската нуклеарна програма.

„Министерот за надворешни работи (Филип Хамонд) ќе отпатува во Иран за таму повторно да ја отвори нашата амбасада“, изјави во четвртокот за Reuters неименуван британски дипломатски извор.

Официјалното отворање на британската амбасада во Техеран е предвидено за недела. Со Хамонд во Иран ќе отпатува и помала група британски бизнисмени, додал изворот.

Тоа ќе биде втора посета на дипломат од влијателна европска земја на Иран придружен со деловни луѓе, по германската делегација од пред две седмици, откако беше склучен нуклеарниот договор со шесте светски сили.

Шефот на британската дипломатија во Техеран ќе се сретне со својот ирански колега, со иранскиот претседател, какао и со други високи функционери и влијателни личности.

Хамонд ќе биде првиот највисок британски дипломат кој ја посетил иранската престолнина по близу 14 години. Според британските медиуми, британскиот амбасадор во Техеран е веќе именуван, но неговото име најверојатно нема да биде соопштено до недела.

Иран и Велика Британија ги прекинаа дипломатските односи во ноември 2011 година со затворањето на британската амбасада, откако стоици ирански студенти организираа протести пред мисијата, го запалија знамето и бараа протерување на амбасадорот, оштетувајќи го објектот. По инцидентот Лондон, не само што го повлече целиот персонал, туку објави и дека целосно ја затвора својата амбасада во Техеран.

Во октомври 2013 година, Иран и Велика Британија постигнаа договор за именување нерезидентни амбасадори, како прв чекор кон нормализацијата на билатералните дипломатски односи./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Европа3 часа

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога низ целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет4 часа

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, се падна врз работниците во секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион4 часа

Србија гласаше за европската резолуција за Украина, Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет4 часа

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет4 часа

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија19 часа

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија20 часа

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија21 час

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија21 час

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија23 часа

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа1 ден

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа1 ден

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...

Европа1 ден

(Видео) Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија...

Свет1 ден

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Русија ги препознава напорите на Соединетите Држави (САД) да се придвижат кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа...

Европа1 ден

Мерц: САД и Русија се приближуваат до грбот на Украина и Европа

Следниот германски канцелар би можел да биде Фридрих Мерц. Неговата ЦДУ е убедливо најсилната партија во Германија. Тој рече дека...

Свет2 дена

(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина,...

Европа2 дена

Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што...

Македонија2 дена

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за...