Економија
Заев – Брнабиќ: Заедничката гранична контрола ќе доведе до драстично намалување на корупцијата
Премиерите на Северна Македонија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, денеска го пуштија во употреба концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево.
Заев потенцираше дека двете влади денеска исполнуваат уште една обврска од проектот за интеграција на Република Северна Македонија и Република Србија, како на регионално, така и на европско ниво.
„Покрај целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот, изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин, ова претставува последна фаза во создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните. Поголемата размена на стоки, значи размена на идеи, искуства, достигнувања и подобар живот за граѓаните. Со новиот One-stop-shop концепт ќе се забрза протокот на патници, стока и превозни средства. Времето на минување на граница ќе се намали за повеќе од половина, што ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави, како и на бројот на транзитни туристи“, истакна премиерот Заев.
Тој додаде дека на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето за царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, а предвидено е и меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, фито-санитарни и ветеринарни.
„One-stop-shop ќе ја намали можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцијалните документи кои ја следат стоката, ќе го зголеми нивото на доверба, соработка и размена на информации, со што ќе се олесни трговијата, ќе се намали можноста за корупција и ќе зајакне стабилноста и сигурноста во регионот. Убеден сум дека заедничките контроли на граничниот премин Табановце-Прешево ќе бидат пример за успешна и блиска соработка“, нагласи Заев.
Брнабиќ нагласи дека овој настан потврдува дека Србија гледа кон иднината на односите меѓу двете земји и дека ќе бидат отстранети сите бариери кои ќе го помогнат растот на економската активност и соработка за уште подобро поврзување на народите и економиите на Србија и Северна Македонија.
Премиерката на Србија истакна дека двете држави ги разбраа проблемите и трошоците со кои се соочуваат стопанствата на двете земји од прекумерните административни процедури и дека отсега натаму фокусот ќе биде ставен на благостојбата на граѓаните и деловните луѓе со промовирање на партнерства за ефикасна соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

