Македонија
(ВИДЕО) Дескоска: Нема напредок во преговорите за СЈО
Министерката за правда, Рената Дескоска, по завршувањето на денешната средба со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, за новиот закон за обвинителство, изјави дека немало напредок.
Разговарале за отворените прашања кои се однесувале за статусот на предметите што ги води СЈО. Во тек на разговорите, рече Дескоска, се отворило прашањето за статусот на обвинителството кое би било правен наследник на СЈО и дека според владиниот предлог, СЈО би се споило со Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Ставот на министерката е дека немаат намера со закон да го прекинат мандатот на оние обвинители и истражители кои сè уште се во работен однос. Нудат две опции за истражителите во СЈО да се префрлат во новото обвинителство или да се вратат во МВР, а потоа да се формира истражен центар во Обвинителството за организиран криминал.
Клучно прашање околу кое не можат да се договорат е статусот на предметите на СЈО, кои, како што рече Дескоска, според нивниот предлог тие треба да се трансферираат во новото обвинителство со цел да нема застој и губење на доказите.
Таа рече дека се договориле со ВМРО-ДПМНЕ забелешките на опозицијата на законот да се достават како амандмани на комисиската расправа што се очекува да се одржи в четврток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

