Црна хроника
Осомничениот за убиството во Ѓорче Петров изведен пред суд
Деветнаесетгодишниот Н.Е. од скопскот село Грчец, осомничен за убиство над 18 годишниот Ангел Петковски од понеделникот, во скопската населба Ѓорче Петров во вторникот попладне беше изведен пред суд, од кој обвинителството бара да изрекување мерка притвор.
До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19-годишникот од село Грчец крај Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство, а обвинителството осомничениот донесе наредба за спроведување истрага за споменатото кривично дело.
Убиството се случи во понеделникот во близина на Европската очна болница, кога несреќниот матурант бил прободен со остар предмет во десниот ден од градниот кош, по што за кусо време потоа починал.
Полицијата го уапси во понеделникот осомничениот во близина на местото на убиството и во меѓувреме целосно го Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше грозоморно убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.
Според досега документираните сознанија, на убиството му претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил сега осомничениот во дворот на домот на семејството Петковски на кусо по 17 часот, но бил забележан од страна на Ангел и неговиот татко. Откако, не успеал во намерата да го украде велосипедот, осомничениот почнал да бега, а матурантот и неговиот татко со автомобил „пежо”, тргнале по него.
Кога стигнале на улицат „Ѓорче Петров”, поточно на паркинг просторот пред Европска очна болница, го паркирале возилото и се упатиле кон пешачката патека, покрај на Вардар. Пред пешачкиот мост, кој води до селото Сарај го забележале осомничениот, по што започнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, при што осомничениот со остар предмет, најверојатно нож, го прободел Ангел во пределот на десниот граден кош. Осомничениот се дал во бегство, а таткото го однел синот кон очната болница со цел да му се пружи помош. Вработените во болницата повикале екипа на итната медицинска помош, но Ангел им подлегнал на повредите, а од страна на лекар е констатирана смртта.
Настанот, првично е телефонски пријавен од очевидец кој ги забележал трите лица. Веднаш по добивањето на пријавата полициски екипи излегле на местото на убиството и започнала потрагата по осомничениот. Тој за кусо време бил откриен во непосредна близина на болницата и уапсен.
На местото на настанот во понеделникот излезе Јавен обвинител кој раководеше со увидот и по негова наредба телото на починатиот беше пренесено на Институт за судска медицина и криминалистика за обдукција при скопските клиники. Увидот е извршен од страна на полициски службеници на СВР Скопје, при што од местото на настанот подигнати и дадени за вештачење се траги слични на крв, , а од дворното место на куќата, лоцирана на улицата „Хераклеа”, подигнат е и велосипедот. Од осомничениот се земени брисеви од двете дланки, маица, фармерки и патики.
По извршеното кривично дело во непосредна близина на лице местото како и на повеќе локации низ општина Ѓорче Петров се собраа поголема група на граѓани кои го искажуваа своето незадоволство. Дел од нив, во текот на вечерта, започнаа со нарушувања на јавниот ред и мир и оштетија повеќе возила и објекти. Со полициска интервенција беа приведени вкупно 18 лица од кои 5 малолетни. По извршени консултации со Јавен обвинител ним им се издадени платни налози за сторени прекршоци, а СВР Скопје продолжува со преземање на интензивни мерки и активности во насока на идентификување на лица и прибирање на материјални докази со цел откривање на противправни дејствија и докажување на кривично дело по член 385 „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело” од КЗ на РМ.
Министерство за внатрешни работи продолжува да ја следи состојбата и да ги презема сите неопходни мерки во рамки на законските овластувања и притоа апелира до граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да не се инволвираат во нарушувања на јавниот ред и мир или други инциденти./крај/мф (ВИДЕО)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.
Црна хроника
Истрага за полов напад и уцена на девојче во липковско
Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
„Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со второосомничениот.
Потоа жртвата ја уценувал дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.
Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.
Основното јавно обвинителство Куманово продолжува да презема истражни дејствија“, стои во соопштението на Обвинителството.

