Вести
САД: Републиканците го предупредуваат Иран да не склучува договор со Обама

Републиканските сенатори го предупредија во понеделникот Иран дека какво и да е нуклеарен договор склучен со актуелниот американски претседател Барак Обама може да трае само до кога тој ќе биде на власт, потег кој се оценува како невообичаена партиска интервенција во надворешната политика на САД.
Во писмото коешто е потпишано од 47 американски сенатори, се наведува дека Конгресот има улога во ратификацијата на меѓународните договори и се укажува на тоа дека претседателот Барак Обама заминува од должноста во јануари 2017 година, додека многумина во Конгресот ќе останат во Вашингтон уште долго потоа.
„Ќе сметаме дека каков и да е договор во врска со вашата нуклеарна програма кој не го одобрил Конгресот нема да претставува нито повеќе од договор меѓу Обама и ајатолахот Хамнеи. Следниот претседател може да го отповика таквиот договор со еден потег на пенкало и идниот Конгрес може да ги модифицира условите за договорите во кој и да е момент“, пишува во писмото коешто го цитира Reuters.
Писмото, за чијашто содржина прва објави агенцијата Bloomberg News, кој потенцираше дека го иницирал „тазе“ сенаторот Том Котон и е потпишано од можните републикански претседателски кандидати Тед Круз, Ренд Пол и Марко Рубио, следеше по неодамнешниот говор на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхау во американскиот Конгрес во кој се спротистави на евентуален договор кој САД имаат намера да биде склучен со Иран во врска со неговата нуклеарна програма до крајот на март.
Нетанхају беше поканет да говори од страна на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бонер, а беше поддржан и од некои демократи, додека оние лојални на претседателот Обама оценија дека станува збор за без преседан воведување на партизирањето во надворешната политика, имајќи предвид дека за една седмица во Израел ќе се одржат парламентарни избори на кои Нетанјаху повторно ќе атакува на победа.
Договорот за кој преговараат со САД, покрај другите пет светски сили (Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) има цел да го блокира кон можното градење на нуклеарно оружје од страна на Техеран, со постигнување конечна спогоднба којашто ќе го ограничи обемот на збогатување на ураниумот во замена со укинувањето на децениските економски санкции против Иран. Во прв ред, досега, САД и Израел тврдат дека иранската нуклеарна програма има цел да се дојде до атомска бомба, додека Техеран упорно тврди дека збогатувањето ураниум му е потребно за добивање електрична енергија и во медицински истражувања. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.