Вести
Џихадистите егзекутирале 15 курдски жени во Мосул

Припадниците на џихадистичката група Исламска држава во Ирак егзекутирале 15 жени во близина на северниот град Мосул, продолжувајќи со бруталните злосторства врз цивилното население, пренесуваат во неделата ирачките медиуми.
Портпаролот на Курдската демократска партија (KDP) во Мосул, Саид Мамузини, за арапската сателитска телевизија al-Sumaria изјавил дека џихадистите погубиле петнаесет жени во поранешната воена база Ѓазлани, која се наоѓа во близина на градот, на околу 400 километри северно од ирачката престолнина Багдад.
Според него, егзекуцијата била извршена во саботата, откако жените одбиле да станат жени на борци на Исламската држава. Мамузани истакнал дека во изминатите два месеца најмалку 30 курдски жени биле погубени поради истата причина. Кон крајот на јули 19 жени беа обезглавени исто така кај Ѓазлани.
Портпаролката на Ирачката опсерваторија за заштита на злоставуваните жени, Хана Навафили, за агенцијата al-Maalomah изјавила дека џихадистите на 18-ти јули групно силувале седум жени во градот Фалуџа, 70 километри западно од Багдад, а потоа ги убиле.
Ирачкото министерство за човекови права кон крајот на 2014 година објави извештај во кој беше наведено дека терористичката Исламска држава егзекутирала најмалку 150 жени, меѓу кои имало и бремени, во западната покраина Анбар, откако тие одбиле да станат жени на џихадистичките борци. Се смета дека жените се погребани во заедничка гробница во Фалуџа, која е во рацете на сунитските радикални групации.
Откако со ненадејната офанзива во јуни 2014 година Исламската дражва зазема големи области од ирачката територија, онлајн ресурсите коишто ги користи за пропаганда постојано објавуваат снимки за брутални погубувања на припадници на сите етнички и религиозни заедници во Ирак, кои не го прифаќаат нејзиното ригидно толкување на исламот или ги сметаат за „неверници“. На удар особено се мнозинските шиити, Курдите, курдската етноконфесионална заедница Јазиди, како и сунитите кои не ја признаваат нејзината власт.
Христијаните, исто така, се на удар на џихадистите и другите сунитски екстремни групации и се принудени да ги напуштаат своите домови. Таквата ситуација за припадниците на источните христијански цркви во Ирак придонесе за егзодусот а христијаните кој започна во 1990-те година, па до 1,5 милиони припадници во моментов се проценува дека ги има не повеќе од 400 илјади./крај/мф/сн
Извор: Press TV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.