Спорт
Кантона ќе добие награда од УЕФА
Поранешниот француски репрезентативец Ерик Кантона, во четврток во Монако, ќе добие награда од претседателот на УЕФА со што ќе им се приклучи на претходните добитници Рејмон Копа, Јохан Кројф и Дејвид Бекам, објавија денес од Европсктата фудбалска федерација.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кариерата ја започнал во Оксер, а ја продолжил во Марсеј, Ним и Лидс.
53 годишниот Кантона е „награден не поради достигнувањата во кариерата туку карактерот да одбива компромис и да ги брани своите вредности“, рекол првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
По завршувањето на професионалната кариера, Кантона имал голем придонес во развојот на фудбалот на песок, а бил и актер во неколку филмови.
Наградата што ја доделува претседателот на УЕФА е востановена в 1998 година, таа им се доделува на „вистинските протагонисти“ кои учествувале во развојот на фудбалот. Минатата година наградата ја доби Дејвид Бекам.
Ерик Кантона наградата ќе ја прими в четврток кога ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челзи на чекор до Лига Европа, Јунајтед подобар од Њукасл
Фудбалерите на Челзи направија значаен чекор кон Лига Европа со победата од 2:1 (1:0) во Брајтон, додека Манчестер Јунајтед на домашен терен го победи Њукасл со 3:2 (1:0).
Со нови три бода, избраниците на Маурисио Покетино ја задржаа предноста од три бода пред Њукасл и Манчестер Јунајтед.
На југот на Англија, Челзи поведе со голот на Кол Палмер во 34. минута, за Кристијан Нкунку во 64. да зголеми на 0:2.
Рис Џејмс заработи црвен картон во 88. минута, а Челзи до крајот играше со десет играчи, а во осмата минута од судиското надополнување, Дени Велбек успеа само да го ублажи поразот на Брајтон.
Многу возбудувања имаше на „Олд Трафорд“, на крајот славеше домаќинот.
Во 31. минута Коби Мајну погоди за водство на Манчестер Јунајтед, а Арон Гордон по брз контранапад во 48. минута успеа да израмни на 1:1.
Во 57. минута Амад Диало со одличен удар од далечина зголеми на 2:1, а потоа Ерик тен Хаг направи три измени пред крајот на натпреварот.
Тој во 83. минута ги внесе Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Лисандро Мартинез, а само минута подоцна беше постигнат третиот гол за домашните.
Хојлунд, го постигна 15. гол во сезоната.
Во судиското надополнување, Луис Хол во 92. минута намали на 3:2, но не можеше целосно да го избегне поразот.
Во последното коло Њукасл гостува кај Брентфорд, Манчестер Јунајтед кај Брајтон, додека Челзи го пречекува тимот на Бурнмут.
Спорт
(Видео) Рајо обезбеди опстанок, Димитриевски стана клупска легенда
Фудбалерите на Рајо Ваљекано на две кола до крајот на сезоната обездени опстанок во шпанската Примера.
Рајо во 37.коло ја победи Гранада со 2:1 и покрај тоа што од петтата минута играше со фудбалер помалку. Трехо доби црвен картон.
Лежен погоди за домашните во 23.минута, а во 80. предноста ја зголеми Де Фрутос. Почесниот гол за Гранада го постигна Боје во претпоследната минута.
На оовј натпревар македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата на рајо Ваљекано. Тој го одигра 190. натпревар и стана голман со најмногу натпревари во клупската историја.
Спорт
(Видео) Јувентус го освои Купот на Италија
Фудбалерите на Јувентус го освоија Купот на Италија. Во финалето, Јувентус ја победи Аталанта со 1:0. Единствениот гол го постигна Душан Влаховиќ во четвртата минута.
Финалето беше решено во четвртата минута, српскиот напаѓач Душан Влаховиќ избегна офсајд и рутински од 12 метри го совлада Карнесеки.
Потоа играчите на Јувентус одигра фантастично тактички до крајот на натпреварот. До крајот на првото полувреме речиси и да немаше поголеми возбудувања.
Се обиде да го промени ритамот на мечот со измени на Гасперини, сите пет измени ги направи до 65. минута. Но, тоа не му помогна многу. Напротив, Влаховиќ за малку ќе го реши победникот во 54. минута, но судијата Мареска не сметаше дека треба да досуди пенал.
11 минути подоцна, ВАР го поништи голот на Влаховиќ.
Аталанта можеше да изедначи во 78.минута но ударот на Лукман заврши во стативата.
Потоа рамката од голот се затресе на другата страна, во 84. минута Мирети силно шутираше од десетина метри и ја погоди гредата. Во четвртата минута од судиското надополнување, Едерсон имаше голема шанса да израмни, но Перин фантастично реагираше.
Потоа на сцена стапи Масимилијано Алегри, кој имаше што да им каже на судиите, доби и црвен картон, го фрли палтото и вратоврската, за малку ќе ја искинеше кошулата. Но, очигледно знаеше што прави, со оглед на тоа малку подоцна судијата означи крај на натпреварот.