Македонија
Продолжен престој за учениците од четврто одделение во општина Карпош
Учениците од општина Карпош, кои од оваа учебна година ќе бидат четврто одделение, ќе добијат продолжен престој до 17 часот. Како резултат на направената анализа и спроведените консултации со родителите, Општина Карпош дојде до заклучок дека родителите чии ученици сега ќе бидат четврто одделение имаат реална потреба да бидат згрижени во училиштето, односно да бидат дел од продолжен престој.
„Општина Карпош на денешната седница на Советот, по предлог на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, одлучи дека ќе го зголеми бројот на наставници во продолжен престој во четврто одделение во сите десет основни училишта.
Преку Општината ќе бидат ангажирани вкупно 17 наставници за реализација на продолжениот престој.
Продолжениот престој се организира по завршување на редовната настава, до 17 часот“, се наведува во соопштението.
За време на продолжениот престој учениците учат, работат домашни задачи, учествуваат во културно-уметнички активности во согласност со упатството за настава во продолжен престој на ученици, кој го утврдува министерот, по предлог на Бирото за развој на образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потребата од нов Закон за помилување на маса на средбата помеѓу Давкова и Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која стана збор за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
Како што соопштија од кабинетот на Давкова, на средбата беа разменети и аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.
Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призмата на правото и правдата.
Македонија
Деспотовски остана без пасош
Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.
Тој има обврска повремено да се јавува во судот.
Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа постапката, додека според некои информации во јавноста, истата, се однесува на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.
Деспотовски претходно ги демантираше тврдењата објавени во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција. Наведе дека ги презема сите потребни правни чекори за заштита на неговата чест и углед, а неговата достапност за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина.
Македонија
Обвинителството побара одземање на пасошот на Деспотовски, се води постапка за злоупотреба на службената положба
Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.