Македонија
Владата ќе купува простории за нашата Мисија во седиштето на НАТО
Владата по предлог на Министерството за надворешни работи, ги разгледа и усвои информацијата и новиот предлог за просторното сместување на Мисијата на Република Северна Македонија во новото седиште на НАТО во Брисел по пат на купување.
Во согласност со одлуките, Владата го задолжи Министерството за финансии со ребалансот на буџетот за 2019 година да обезбеди буџетски средства во износ од 3.116.000 евра, од кои 2.316.000 евра за еднократно плаќање кон НАТО, на име купување простории за Мисијата на РСМ при НАТО, а 800.000 евра за адаптации за плаќање рати, при што со новиот буџет за 2020 година да обезбеди буџетски средства во износ од 500.000 евра за доплаќање на име адаптации, како и 120.000 евра за режиски трошоци за 2020 година, вклучително и 7.000 евра за трошоци за одржување ИТ-опрема за 2020 година.
Владата уште го задолжи Министерството за финансии при планирањето на буџетските средства да ги има предвид и обврските на институциите од земјава, кои се учесници во Мисијата на РСМ при НАТО во Брисел, кои ќе се стекнат со канцелариски простор во Мисијата.
На оваа седница Министерството за одбрана информира дека е доставена номинација нашата земја да биде домаќин на НАТО-конференцијата за информации и комуникатори во 2020 година како најголем настан што НАТО го одржува во текот на годината. Доколку конференцијата се организира во Северна Македонија во 2020, како што се наведува од Владата, тогаш, покрај тоа што настанот ќе биде спонзориран од НАТО, тоа ќе биде и значаен придонес во стратешката комуникација на НАТО и на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

