Вести
Четворица мртви на бродот „Blue Sky M“

Четворица мртви имигранти се пронајдени на молдавскиот товарен брод „Blue Sky M“ кој во средата вплови во средата во италијанското пристаниште Галиполи откако екипажот очигледно го напуштила во водите крај грчкиот остров Крф, соопшти Црвениот крст.
На бродот се наоѓале околу 900 имигранти, повеќето бегалци од Сирија, изјави за Reuters Мима Антонаги, портпаролката на Црвениот крст во италијанскиот регион Лече. Преживеаните имигранти се одведени на процес на идентификација, додала.
Од бродот во вторникот околу пладне, кога се наоѓаше во водите во близина на грчкиот остров Крф, беше упатен повик за помош со тврдење дека на палубата се наоѓаат вооружени луѓе. Бидејќи постоеја сомневање дека бродот е грабнат, кон него веднаш беше испратена грчка фрегата, брод на крајбрежната стража и хеликоптер.
Грчките власти утврдија дека бродот не е во опасност, како и ниту дека има некој механички проблем. Официјално пријавената дестинација на бродот беше хрватското пристаниште Ријека, а испловил од Турција. Меѓутоа, бродот „Blue Sky M“ во одреден момент го напуштил екипажот и тој веројатно на автопилот тргнал кон Италија, дознава BBC. Кога влегол во италијанските територијални води го пресретнала италијанската воена морнарица и ја преземала контролата врз пловилото. Во спротивно бродот би се удрил на брегот кај Апулија.
Портпаролот на италијанската крајбрежна стража Филипо Марини изјави за Ansa дека трагедијата бил избегната во последен час. „Тоа беше трка со времето. Отклучувањето на моторот била тешка и деликатна операција, но успеавме да ја преземеме контролата“, нагласил Марини и додал дека имигрантите од италијанските морнари барале храна, вода и покривки.
Каква точно драма се одвивала на молдавскиот товарен брод сé уште не познато. Една од хипотезите, пишува AFP, дека криумчарите со луѓе или гусари го напуштиле бродот кога сфатиле дека им се приближува грчката морнарица, но за тоа нема потврда. Инаку познато е дека кримчарите со луѓе често ги напуштаат бродовите на отворено море, за да избегнат апсења.
Бродот „Blue Sky M“ влезе во проблеми во истата област на Јонското Море на коешто се одвиваше драматичната акција на спасувањето на луѓето од запалениот италијански траект „Norman Atlantic“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.