Вести
Јапонија ја подигна воената готовност поради големата воена вежба на Русија
Руската војска ќе изведува воена вежба на Курилските острови, вклучувајќи го и островот Куншир и Итуруф на кој право полага и Јапонија, пренесуваат руските медиуми.
Министерството за обрана на Русија соопшти дека војници од градовите Улан-Уде и Усуриск првпат ќе бидат присутни во области оддалечени повеќе од четири илјади километри од нивните бази, пренесува агенцијата РИА Новости.
Војската во петок ќе отпочне со распоредување, соопштило министерството кое не навело за колкав број војници станува збор кои ќе бидат вклучени во воената вежба.
Русија во август изведе воена вежба со повеќе од илјада војници на Курилските острови поради што јапонската влада вложи остар протест.
Јапонските воени претставници поради извештајот за големата воена вежба на Русија го зголемиле нивото на воена подготвеност, наведува РИА Новости.
Шефот на кабинетот на јапонскиот премиер, Јошиде Суга, рекол дека Јапонија планира во иднина да ги развива односите со Русија, бидејќи тие се од национален интерес.
Во Москва од 8-ми до 10-ти септември беше одржан руско-јапонски форум, на кој учество зеде и поранешниот јапонски премиер Јоширо Мори, кој оствари средба со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Тоа беа први разговори на високи претставници од Јапонија и Русија по избивањето на кризата во Украина кон крајот на февруари, наведува руската новинска агенција РИА Новости.
Путин на Мори му рекол дека дијалогот со Јапонија ќе продолжи и дека за то постои оправдана неопходност, истакнал Суга.
Јапонија очекува односите на двете земји да напредуваат, по нивното влошување кое настана откако Токио им се придружи на западните земји и воведе санкции за Русија поради конфликтот во Украина.
Јапонија објави листа со 40 имиња на поединци и две компании против кои воведе санкции.
Министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, истакна во петокот дека Јапонија не верува оти Русија ќе ја одложи планираната посета за оваа есен на рускиот претседател во Јапонија, како што тоа го сугерирал амбасадорот на Русија во Јапонија.
Рускиот амбасадор истакна во четвртокот дека јапонските санкции против Русија поради украинската криза ќе влијаат врз одлуката за на рускиот претседател за посета на Јапонија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.