Спорт
Кварезма си оди од Бешикташ – следна дестинација Касимпаша
Португалскиот фудбалер Рикардо Кварезма (36), за кого се очекуваше да има врвна кариера, го раскина договорот со Бешикташ и потпиша договор со турскиот прволигаш Касимпаша, тим што минатата сезона одвај се спаси од испаѓање во понизок ранг.
Новиот тим на Португалецот лошо ја почна сезонава, по две кола освои само еден бод.
Кварезма стигна како слободен играч кога му истече договорот со тимот од Истанбул. Новиот договор е на една година со опција за уште една.
Како млад играч португалскиот фудбалер беше една од најголемите надежи, брилијантен техничар. Во 2003 година од Спортинг Лисабон направи трансфер во Барселона за 6,5 милиони евра. Тогаш никој не очекуваше дека ќе промени дури 11 клуба во кариерата.
По само една година, Барса го продаде во Порто за 6 милиони евра. Тоа беше најдобрата средина на Португалецот. На „Драгао“ за 216 меча запиша 56 асистенции, а постигна 49 гола.
Во 2008 година Порто го продаде Кварезма за 25 милиони евра во Интер, но таму не се снајде, па заврши на заем во Челси. Во 2010 Интер го продаде во Бешикташ, а по истекот на договорот со турскиот клуб премина во Ал-Ахли.
Потоа пак се врати во Порто, па повторно заврши во Бешикташ. Од денеска кариерата ја продолжува во Касимпаша.
#SONDAKİKA
Kasımpaşa, Ricardo Quaresma ile 1+1 yıllık sözleşme imzaladı. pic.twitter.com/rinnne74NC— TRT Spor (@trtspor) August 29, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фермин ќе паузира две недели
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.
По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.
Спорт
КК Партизан едногласно ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ
Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија.
Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има нивната доверба и дека неговата работа не е доведена во прашање.
Со оглед на овој исход од состанокот, јасно е дека во следните часови и денови, црно-белите нема да се занимаваат со преговори со потенцијалниот наследник на најтрофејниот тренер од Евролигата, туку напротив – ќе се обидат на секој начин да ја променат неговата одлука и да го убедат да ја продолжи работата што ја започнал, што би ги израдувало многу фанови.
По состанокот на тоа тело, клубот од Хумска 1 се обрати до јавноста со соопштение на официјалните канали во текст насловен како „Партизан против оставката на Жељко Обрадовиќ“.
Partizan Mozzart Bet protiv ostavke Željka Obradovića!
🔗 https://t.co/uL4O0V3Hpw#KKPartizan pic.twitter.com/Y6Bxdumjp0
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 27, 2025
Спорт
Арне Слот доби ултиматум, Ливерпул го контактирале Јирген Клоп
По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот.
Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде прекината.
Ливерпул следниот натпревар ќе го игра во недела, кога ќе гостува кај Вест Хем, потоа на 3 декември ќе го пречека Сандерленд, а третиот натпревар во серијата ќе го одигра на 6 декември на гости кај Лидс.
„Црвените“ одиграа одлично минатата сезона под водство на Слот, а тимот дополнително се засили во текот на летото. Сепак, резултатите изостанаа – поразот од ПСВ беше нивни деветти во последните 12 натпревари, а одбраната игра далеку под очекувањата.
Според англиските медиуми, челниците на Ливерпул го контактирале Јирген Клоп за да проверат дали постои можност тој да се врати, барем како привремено решение. Тие се подготвени да му понудат краткорочна соработка без долгорочен договор, свесни дека тој е сè уште прв избор на повеќето навивачи.
Проектот на Ливерпул под водство на Арне Слот е неизвесен, а следните седум дена ќе покажат дали Холанѓанецот ќе преживее на клупата на повеќекратните европски шампиони. Доколку не ги добие сите три натпревари, Управата ќе му врачи отказ.
Foto/ EPA

