Вести
Казахстан: Напади врз воен објект и продавници за оружје

Четворица напаѓачи, двајца цивили и четворица припадници на безбедносните сили се убиени во неделата, кога групи вооружени мажи нападнале две продавници за оружје и воен објект во градот Актобе, на западот од Казахстан, објави министерството за одбрана.
Неколку вооружени мажи попладнето нападнале продавници за оружје, од кои една се наоѓа во близина на воена база, соопшти портпаролот на министерството за одбрана на Казахстан.
„Вкупно во текот на антитерористичката операција во Актобе елиминирани се четири престапници, а седум се уапсени, од кои двајца се ранети. Се спроведува сложена операција на оперативни истражни дејствија за апсење на преостанатите злосторници“, изјавил портпаролот на министерството за внатрешни работи Алмас Садубаев за агенцијата РИА.
Според прецизираните податоци, напаѓачите прво извршеле вооружен напад врз продавница за оружје каде убиле продавач и припадник на обезбедувањето, а исто така во престрелката со полициската патрола која пристигнала на местото на нападот раниле уште тројца полицајци.
Во нападот на втората продавница бил убиен еден муштерија, а друг бил ранет. Во престрелката со полицијата тројца напаѓачи се убиени, а еден бил уапсен, наведува казахстанската полиција додавајќи дека постојат сомневања оти станува збор за радикални исламисти.
Според портпаролот на полицијата, во нападот врз воената база бил користен грабнат автобус од кој биле истерани возачот и автобусите, и со него била пробиена портата во воениот објект.
„Пробивајќи се во базата, напаѓачите отвориле неселективен оган при што загинале тројца, а ранети биле шест војници. Со одговорот на стражарите било спречено напаѓачите да продрат подлабоко во базата, а потоа во престрелката со пристигнатата полициска патрола бил убиен еден напаѓач, а друг е ранет и уапсен“, рекол портпаролот на казахстанското министерство за внатрешни работи.
Претходно Садубаев изјави дека извршителите на вооружените напади во Актобе „веројатно, се приврзаници на радикални нетрадиционални религиозни движења“.
Казахстан, мнозински муслиманската земја во централна Азија, по распадот на Советскиот сојуз се обиде да изгради секуларна држава, а од неодамна изрази стравувања дека се соочува во радикалниот исламизам во земјата./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.