Спорт
Манчини го врати Ел Шарави, но дисциплински ги исфрли Кин и Заниоло

Роберто Манчини го објави конечниот список на италијанската репрезентација за дуелите со Финска и Ерменија повикувајќи ги Лука Пелегрини и Стефан ел Шарави, но исклучувајќи ги од составот Кристијано Бираги, Моисе Кин и Николо Заниоло.
Пелегрини е награден по неколкуте одлични месеци како позајмен фудбалер на Калјари, што му обезбеди постојан трансфер во Јувентус, а Ел Шарави се враќа иако игра во кинескиот клуб Шангај Шенхуа.
Ако исклучувањето на Бираги е зачудувачко, особено бидејќи тој се врати во Интер, Кин и Заниоло се дисциплински исклучени од тимот. Двајцата се вратени во репрезентацијата У21 бидејќи задоцнија на тренинзите пред мечот со Белгија.
„Аѕурите“ играат со Ерменија на 5 септември и со Финска три дена подоцна.
ГОЛМАНИ: Џанлуиџи Донарума (Милан), Пјерлуиџи Голини (Аталанта), Алекс Мерет (Наполи), Салваторе Сиригу (Торино)
ДЕФАНЗИВЦИ: Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Кјелини (Јувентус), Матија де Шиљо (Јувентус), Емерсон Палмиери (Челси), Алесандро Флоренци (Рома), Армандо Ицо (Торино), Џанлука Манчини (Рома), Лука Пелегрини (Калјари), Алесио Ромањоли (Милан)
СРЕДЕН РЕД: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Жоргињо (Челси), Лоренцо Пелегрини (Рома), Стефано Сенси (Интер), Марко Верати (ПСЖ)
НАПАД: Андреа Белоти (Торино), Федерико Бернардески (Јувентус), Федерико Киеза (Фиорентина), Стефан ел Шарави (Шангај Шенхуа), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Кевин Лазања (Удинезе)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин