Спорт
Соријано го израдува Михајловиќ и Болоња (видео)

Роберто Соријано постигна гол во 93. минута, за Болоња да го отвори второто коло во Серија А со 1:0 победа над СПАЛ на „Ренато Дал’Ара“, за прв триумф за клубот и за тренерот Синиша Михајловиќ, кој повторно беше на клупата.
Тренерот, кој ги изненади сите и излезе од болница за претходниот меч во Верона, каде што прима хемотерапија за леукемијата која му беше дијагностицирана пред само шест недели, овојпат доби херојски пречек од домашната публика.
Неговиот тим се мачеше до крајот на мечот, кога Соријано донесе заслужени три поени.
Un gol per #sinisamihajlovic #Soriano gol numero 20 in #SerieA che regala il derby al #Bologna #BolognaSpal pic.twitter.com/OpZaQOrcLv
— Provocatore (@Provocatore3) August 30, 2019
Sinisa Mihajlovic Bologna Teknik Direktörü..
Kanser Hastası Hafta İçi Kemoterapi Görüyor Ve Hafta sonu Takımının Başında Sahaya Çıkıyor.
Yaşamanın Ne kadar Güzel bir şey Olduğunun Göstergesi Sinisa Mihajlovic ???
Yaşamayı Hakediyor ? pic.twitter.com/14Yqai2LiZ— YsN1903YmK (@1903YsnYmk1903) August 30, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Вирц подготвил финансиски пакет од 250 милиони евра

Прашање на време е кога Флоријан Вирц ќе стане најскапата продажба во историјата на Баер Леверкузен. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити се риозно се заинтересирани за неговите услуги.
Баерн од лани воспоставил контакти, најпрвин со родителите на Вирц, а потоа и со неговиот менаџер.
„Лекип“, тврди дека Баварците подготвиле пакет тежок 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Вирц.
Според овој извор, Баерн е подготвен да плати обесштетување од 125 милиони евра, а останатите 125 милиони се за петгодишниот договор што се подготвува за него.
Тој практично со платата би бил изедначен со Хари Кејн во Баерн, односно би заработувал повеќе дури и од староседелците Кимих, Нојер и Мусијала.
Спорт
ПСЖ брка финале во Лигата на шампионите без најдобриот играч?

Пари Сен Жермен, потврди дека Усман Дембеле претрпел повреда на мускулот, што го става под знак прашалник, неговиот настап против Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите следната недела.
Дембеле го постигна единствениот гол на „Емирати“ во вторник вечерта. Го совлада Давид Раја во четвртата минута и му обезбеди на ПСЖ минимална предност пред решавачкиот дуел во Париз.
Сепак, Дембеле мораше да ја напушти играта во второто полувреме и оттогаш не тренирал.
Во медицинскиот извештај објавен во петок попладне, ПСЖ соопшти: „Усман Дембеле има повреда на задната ложа на десната нога. Неговата состојба се развива добро и наскоро ќе биде извршена нова проценка“.
ПСЖ следниот викенд ќе излезе на теренот против Стразбур, но со оглед на тоа што веќе ја обезбедија титулата во лигата, нема потреба да настапат својот најсилен состав.
Спорт
Даер ќе го напушти Баерн Минхен

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека Ерик Даер, како слободен играч, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
„Разговаравме со Ерик за новиот договор. Тој ни кажа дека не сака да го продолжи и дека ќе нè напушти. Се надевам дека ќе го круниса својот престој во клубот со својата прва титула“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Според извештаите, Дајер постигнал договор со Монако, каде што ќе добие подолг договор од оној што му го понуди Баерн и можност да игра повеќе отколку што играше во германскиот клуб.
Англискиот фудбалер минатиот јануари се пресели од Тотенхем во Баерн, за кој одигра 45 натпревари. Тој не добиваше значителна минутажа под водство на тренерот Венсан Компани, сè до последните неколку недели, кога покажа дека се уште може да игра на високо ниво.
Баерн игра против Лајпциг во сабота и доколку победат, ќе ја освојат титулата во Бундеслигата.
Не е јасно дали Дајер ќе остане во Баерн и за Светското клупско првенство, кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД.
Фројнд рече дека клубот наскоро ќе разговара за тоа интерно со Даер.