Црна хроника
Трактор и мотоцикл се судрија кај селото Тодоровци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/Policija.jpg)
Вчера на локалниот пат Македонска Каменица – село Тодоровци се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор со делчевски регистарски ознаки управуван од К.М.(22) и мотоцикл управуван од М.Ј.(64), и двајцата од селото Тодоровци, М.Каменица.
Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Се запалиле подруми од зграда во Аеродром, едно лице повредено
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Денеска во 01.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Турци со рент а кар возило се движеле во спротивна насока на булевар во Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/340100298_727343369082993_245299473340502978_n.jpg)
Вчера во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.
Црна хроника
Тепачка меѓу малолетнички во училишен двор во Чаир: настанот бил објавен на социјалните мрежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.