Регион
Вулин: Србија и Русија не се поканети на годишнината од почетокот на Втората светска војна
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин изјави дека Србија и Русија не се поканети на одбележувањето на почетокот од Втората светска војна во Варшава, а тоа претставува голема навреда за жртвите, за 20 милиони загинати на просторите на Советскиот сојуз, воглавно Руси, како и за милион Срби кои се убиени во оваа војна.
„Ова е дневна политика. Ова е политика во својата најлоша форма, кога сте во состојба да ја менувате историјата затоа што со некого сте во лоши односи. Целосно е несфатливо како може земја која страдала во Втората светска војна како што е Полска, сега на овој начин да се однесува кон жртвите на сите други народи“, изјави Вулин.
Тој потсети дека по Втората светска војна се знаело кој е победник, а кој поразен, но сега сите се обидуваат да ја променат историјата за да бидат успешни.
„Србија никогаш не била на погрешната страна на светот“, рече Вулин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.
Регион
Несреќа во БиХ: автомобил со најмалку три лица слета во река
Специјални екипи работат на извлекување на возилото што во текот на ноќта слета во реката Босна, од регионалниот пат Какањ – Високо, во градот Добриње, потврди портпаролката на МУП на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ.
Но, како што пренесуваат локалните медиуми, не се знае точниот број на жртви. По пронаоѓањето на возилото, ќе биде спроведена истрага, со која ќе раководи дежурниот кантонален обвинител.
Според известувањето на порталот „Кликс“, несреќата се случила синоќа, еден час по полноќ, а полицијата ја известил маж, кој бил во возилото и успеал да се спаси.
Кога пристигнале на местото на несреќата, полицијата затекнала маж со видливи повреди и отежнато комуницирање. Им кажал дека се сеќава оти бил во автомобилот со уште три лица.
Регион
Земјотрес во регионот на Параќин
Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.