Спорт
Медведев: Бевте против мене, ми дадовте сила да победам. Благодарам (Видео)

Данил Медведев е во „војна“ со публиката на Ју-Ес опен. Откако по мечот со Фелисијано Лопез со покажувањето на средниот прст ги „почести“ гледачите, рускиот тенисер имаше порака за публиката и по дуелот со Германецот Доминик Кепфер.
Медведев мечот го доби во четири сета (3/6, 6/3, 6/3, 7/6), а по излегувањето од теренот имаше порака за публиката.
„Ова морам повторно да го кажам, денес губев 6/3, 2/0, имав болка во ногата пред почетокот на мечот и мислев дека нема да можам да играм, имав болки во рамото, испив таблети против болки, но вие бевте против мене и ми дадовте толку многу енергија за да победам. Ви благодарам!“, порачал Медведев во интервјуто по мечот.
Dancing his way into the final eight! ?
Daniil Medvedev is through to the first Grand Slam quarterfinal of his career after fighting past Koepfer in four sets.@DaniilMedwed | #USOpen pic.twitter.com/wbTz7jahMr
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2019
I'm delighted to tell you that Daniil Medvedev was at it again ? pic.twitter.com/BX0jaPozx7
— Eagle-Eyed Social Media User Dan Why-Ner (@DanWeiner) September 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин