Македонија
Утре без струја делови на Ѓорче Петров и Сарај
Од ЕВН „Македонија“ АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од село Горно Нерези, објектите на „Даре бомбол“, „Етносело“, РТВ-предавателот, „Унипроком – Вемакс“, „Космофон Водно“, детското летувалиште и поштенскиот дом (општина Ѓорче Петров), како и дел од корисниците од село Крушопек (општина Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив, ако продолжи водостојот да расте, предупреди ЦУК
Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив.
Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.
Истовремено, ЦУК, потсетува за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Инаку, според днената хидролошка информација и очекуваната тенденција за водостојот на реките и езерата на УХМР, нивото на водостоите е во покачување, додаваат од ЦУК.
Македонија
Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај Каменоломот.
За настанатата состојба од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција коишто ќе пратат екипи се со цел нормализирање на сообраќајот, извести Центарот за управување со кризи.
Македонија
Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство
Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.
„Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас“, напиша Силјановска-Давкова