Свет
Грузискиот премиер Бахтаѕе поднесе оставка
Премиерот на Грузија, Мамука Бахтаѕе, поднесе оставка денес по помината малку повеќе од една година на функцијата велејќи дека ја исполнил својата должност.
„Стратешката рамка за развој е спроведена и остварена и решив да си дадам оставка затоа што верувам дека ја исполнив мојата мисија“, напиша Бахтаѕе на „Фејсбук“, пренесува „Ројтерс“.
Бахтаѕе (37) беше министер за финансии пред да стапи на функцијата премиер во јуни минатата година.
Тој е четвртиот грузиски премиер што поднесе оставка од 2012 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен
Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се симнаа од хеликоптерот и допливаа до човекот кој клечеше на врвот на ладилникот во Мексиканскиот залив.
Мажот бил пренесен во општата болница во Тампа, каде му била укажана лекарска помош.
#Breaking An @USCG Air Station Miami 65 helicopter crew rescued a man clinging to a cooler approximately 30 mi. off Longboat Key.
The man was taken to Tampa General Hospital for medical care.
Sector St. Pete lost communications w/ the man at approx. 6:45 p.m., Wed. #SAR pic.twitter.com/64wSHuRAeH
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) October 10, 2024
„Тој го преживеа она што е кошмарно сценарио дури и за најискусниот морнар“, изјави поручник Дејна Грејди од американската крајбрежна стража.
„За да се разбере сериозноста на условите за ураганот, важно е да се каже дека проценуваме дека доживеал ветрови од 120 до 145 километри на час“, изјави таа.
Човекот го поправал својот брод во 3 часот наутро во средата, но се соочил со силни ветрови на враќање кон пристаништето. Условите брзо се влошија како што се приближуваше ураганот. Крајбрежната стража му нареди на човекот да облече спасувачки појас, но подоцна комуникацијата била изгубена.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.