Црна хроника
Три криминални групи растурале дрога низ Франкфурт, запленете 700 кг. хероин
Три криминални групи препродавале дрога на наркозависнисници на подрачјето на Франкфурт и неговата околина, ги користеле истите методи, но дрогата ја продавале на различни подрачја, соопшти Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која излезе со детали за најновата акција „Диригент“.
Организаторите на овие криминални групи престојувале Македонија од каде ги регрутирале и обучувале членовите и им даваат насоки и инструкции на уличните дилери во Франкфурт и околината.
Првата криминална група ја организирале лица од Велес и по нивни инструкции во Франкфурт и околината била набавувана дрога хероин, како и смеса за мешање на хероинот кој бил нуден на улична продажба на зависници во Франкфурт.
Организатор на втората криминална група е 38 годишно лице од Свети Николе кој во почетокот на ноември 2012 година, организирал мрежа на посредници за неовластено купување и неовластена продажба на хероин во три области во Франкфурт.
Тој наоѓал лица од земјава кои ги испраќал во Франкфурт и по негови инструкции вршеле улична продажба на хероин.
Во третата криминална група како организатори се идентификувани две лица од Велес и Скопје. Во септември 2012 година, тие испратиле 25 годишна девојка од Велес, во Амстердам да набави наркотична дрога хероин и хемиска супстанца, кој го предала на член на групата, подоцна приведен на железничката станица во Франкфурт.
Во последната акција за разбивање на Франкфурт мафијата биле опфатени 62 лица од кои 44 лица во Германија и 18 во Македонија. Од лицата приведени во Германија, 26-мина се македонски државјани.
Во Германија биле запленети 700 килограми смеса за мешање на хероин, 5 килограми чист хероин и над 5 килограми кокаин, како и 30 000 евра. Во Македонија биле запленети 5 килограми хероин кој членовите на групата од Македонија се обидуваа да го внесат од Турција со намера да го транспортираат за Франкфурт, но и помала количина на марихуана и амфетамин.
Претрес е извршен кај 10 лица во земјава, поради сомнеж дека се инволвирани во „Перење пари“, односно дека нивни фирми или фирми кои се во сопственост на нивни блиски биле користени за пуштање во легален промет на незаконски стекнатите пари.
„Од тие причини во истрагата вчера се вклучи и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, а се очекува од нашите партнери од Германија да ни бидат доставени докази за некои трансфери по што ќе бидат комплетирани постапките и против овие лица. Накусо би се осврнала и на трите криминални групи кои дејствувале во Франкфурт“ изјави Јанкулоска.
Вклучувајќи го и последното продолжение на Операцијата „Диригент“, во изминативе четири години приведени се преку 500 членови на Франкфурт мафијата.
Најголемиот дел, околу 460 се приведени на територијата на Германија, Австрија и Холандија. Во земјава од 2009 година наваму се приведени 70 лица. Запленети се преку 220 килограми хероин, 4 килограми кокаин и неколку килограми марихуана. Документирани се трансфери на пари тешки неколку милиони евра, а десетици илјади евра се запленети, како и голем движен и недвижен имот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај него пронајдени поголемо количество оружје и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383.
На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира. Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол “Глок” со калибар 9мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол.
Откако беше утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбеди наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол “Глок”, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење, извести Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело.
Црна хроника
(Фото) Уапсени три девојки поради тешка кражба во Гостивар: украле пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра
На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И.(24) од Тетово.

Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.

