Македонија
Поднесена кривична пријава за несреќата во која загина работник во индустриската зона кај Струга
Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривична пријава за несреќата во која загина работник на објект во индустриската зона на патот Струга – Ќафасан. Комитетот на 30 јули 2019 година се обрати до Државниот инспекторат за труд со барање за информации за овој случај.
Со оглед дека станува збор за повреда на работно место, а под претпоставка дека се прекршени одредби од Законот за работните односи и Законот за безбедноста и здравјето при работа, Комитетот побара одговор за извршениот инспекциски надзор и евентуалните неправилности.
Во добиениот одговор, како што соопшти Хелсиншкиот комитет, е наведено дека ДИТ излегол на терен веднаш по несреќата и констатирал дека работникот В. С. (48) од Скопје изведувал покрив и лимарски работи, при што паднал од висина од приближно осум метри и набргу потоа починал во Општата болница во Струга. Според наведеното, ДИТ констатирал дека над починатиот работник не бил извршен здравствен преглед за работа под посебни услови, ниту соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа. Понатаму, до подрачната единица на ДИТ не било доставено известување за почнување градежни работи и план за безбедност и здравје при работа, што е обврска од Правилникот при работа на привремени градилишта. Исто така, не била извршена процена на ризик на работни место (монтажер на панели) и не била изготвена изјава за безбедност со која се прецизираат начинот и мерките што треба да се преземат.
Констатирајќи ги сите неправилности, од страна на Инспекторатот е поведена кривична пријава против изведувачот како правно лице и против одговорното лице во правното лице. Поведена е и прекршочна постапка од втора категорија во согласност со член 23, точка 2 од ЗБЗР.
„Со оглед на големиот број несреќи на работно место во нашата земја и честите фатални исходи од несреќите на градежни локации, го поздравуваме брзото постапување на ДИТ во овој случај и очекуваме негово соодветно процесирање пред останатите другите надлежни институции. Истовремено, апелираме до работодавците доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови како единствен начин да се превенираат вакви и слични инциденти“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

