Забава
Излезе трејлерот за филмот „Двата папи“ со Ентони Хопкинс како Бенедикт Шеснаесетти

Пред неколку дена излезе трејлерот за филмот The Two Popes, односно „Двата папи“, со Ентони Хопкинс и Џонатан Прајс во главните улоги.
Филмот е во режија на оскаровецот Фернандо Мирелес, а во приказната, како што е опишано од авторите, следува еден од најдраматичните трансфери на моќ во последните 2.000 години.
Во филмот е прикажан денешниот папа Франциско (Џонатан Прајс), кој во 2012 година, фрустриран од насоката во која се движи Црквата, бара дозвола за пензија од тогашниот папа Бенедикт.
Филмот премиерно е прикажан на 31 август на Филмскиот фестивал Телурид во Торонто, а во одбрани кина и театри во Велика Британија и САД ќе биде прикажан на крајот од ноември.
Премиерата на „Нетфликс“ е најавена за 20 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џенифер Лоренс го роди своето второ дете

Џенифер Лоренс го роди своето второ дете, пишува магазинот „Пипл“.
По породувањето, актерката беше видена со нејзиниот сопруг Кук Марони како шета во Њујорк на 31 март. Џенифер и Кук, кои се венчаа во октомври 2019 година, се родители и на тригодишниот син Сај.
Парот се уште не ја потврдил веста за новороденчето.
Актерката објави дека го очекува своето второ дете со сопругот во октомври 2024 година во магазинот „Вог“.
„Честитки Џенифер Лоренс! Актерката оскаровка го очекува своето второ дете со сопругот Кук Марони“, напиша магазинот и додаде дека претставниците на актерката ја потврдиле среќната вест. Еден извор изјави за „Пипл“ во тоа време дека Лоренс е воодушевена што повторно е бремена.
Забава
Секогаш знаат што да кажат: три знаци кои се истакнуваат во комуникацијата

Без разлика дали се работи за утешни зборови, брилијантни расправии или шармантни забелешки, комуникацијата им е лесна. Астрологијата ни открива кои хороскопски знаци се родени со најдобри комуникациски вештини, кои секогаш знаат како да го освојат вниманието и срцата на своите соговорници.
Близнаци
Близнаците се познати по вештата комуникација. Нивниот ум е брз, а јазикот уште побрз. Без разлика на темата, тие секогаш имаат нешто интересно да кажат. Тие сакаат дијалог, љубопитни се и постојано бараат нови информации за споделување со другите.
Нивниот шарм лежи во нивната способност да се прилагодат на секоја личност и ситуација, поради што многумина ги сметаат за идеални соговорници. Во разговорот тие се духовити, елоквентни и речиси никогаш не остануваат без зборови.
Вага
Вагите се мајстори во дипломатијата и знаат да ги изберат вистинските зборови во секој момент. Тие не само што знаат да комуницираат, туку и да слушаат, што ги прави одлични соговорници. Нивниот стил на изразување е мирен, одмерен и често проткаен со допир на елеганција.
Вагите сакаат рамнотежа и хармонија, па избегнуваат конфликтни тонови и знаат како да ги намалат тензиите во комуникацијата. Нивните зборови имаат моќ да ги помират, инспирираат и поврзуваат луѓето.
Лав
Иако многумина ги доживуваат како доминантни и театрални, Лавовите се всушност многу вешти говорници. Нивната комуникација е страсна, искрена и полна со самодоверба. Кога Лавовите зборуваат, сите слушаат, не затоа што мораат, туку затоа што сакаат.
Нивната харизма доаѓа до израз кога го искажуваат своето мислење или држат мотивациони говори. Тие знаат што да кажат за да го подигнат духот, да дадат поддршка или едноставно да ги насмеат сите околу нив.
Забава
(Фото) Иванка Трамп во најкраткиот фустан досега: сите гледаа во нејзините нозе

Иванка Трамп уште еднаш ја изненади јавноста со својата комбинација на облека која ги истакна нејзините долги нозе.
Иванка Трамп, ќерката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, важи за дама со стил. Секогаш кога ќе се појави во јавноста, таа претставува интересна облека во склад со актуелните модни трендови.
Ivanka Trump wears white-hot minidress in Miami https://t.co/udc1NNLaxo pic.twitter.com/GrSRUJSALB
— Page Six (@PageSix) March 31, 2025
Така беше овој пат.
Иванка е фотографирана со семејството, каде, според пишувањата на странските медиуми, имале закажана вечера во ресторанот „Папи стек“ во Мајами.
Ќерката на Трамп за оваа пригода избрала едноставен мини фустан кој ја истакнува нејзината витка линија, но и нешто друго.
Може да се каже дека долгите нозе беа централниот мотив на фотографиите и дека тие го привлекоа вниманието на папараците.
На Иванка не и пречеа погледите на фотографите, таа само ги поздрави со насмевка.