Македонија
На Кежаровски нема да му се суди во случајот „Ликвидација“

Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева, на денешното рочиште во предметот „Ликвидација“, рече дека настапила апсолутна застареност за кривичните дела за обвинетиот судија Валентин Зафиров, новинарот Томислав Кежаровски, адвокатот Сашко Лазаров и Јане Павловски.
Ѓорѓева рече дека од денот на извршување на кривичните дела до денешното рочиште настапила застареност на кривичното гонење.
За велешкиот обвинител Ивица Ефремов и судијата Иле Танев обвинителката побара постапката да продолжи. За Ефремов застарело само делото за противзаконско посредување, а ќе му се суди за незаконско изработување оружје.
Кежаровски револтирано рече дека не му треба примена на поблаг закон и застарување на обвинението за него, туку ослободителна пресуда.
„Ве замолувам, прочитајте го обвинението. Во МВР да слават дека овде има криминалци…“, рече Кежаровски.
Судијата Осман Шабани рече дека има законски пречки за постапување, апсолутната застареност на судењето.
Адвокатот на Валентин Зафиров, Љубомир Михајловски – Џанго, рече дека е жално ваков предмет да заврши со застарување и дека му е направена ненадоместлива штета и истакна дека се надеваат оти ќе има контрадикторна постапка каде што ќе ја докажат неговата невиност.
„Десет години е голема траума“, рече Михајловски.
Случајот „Ликвидација“ го отвори МВР во време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ, а го застапуваше обвинителката Лиле Стефанова. Им се судеше на судии, адвокат, обвинител и новинар и заврши со правосилна пресуда со која сите осуммина обвинети со правосилна судска одлука беа прогласени за виновни, а Врховниот суд годинава ги укина пресудите и предметот го врати на повторно судење.
Обвинетите беа правосилно осудени за противзаконско посредување, за злоупотреба на службената положба и овластувањето, одавање информации и податоци за сведоци, соработници на правдата.
Сите трошоци за постапката ќе паднат на товар на буџетот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари очекува решение кое нема да биде фрустрирачко за партиите во Вреди, вечерва оди на состанок со лидерите во коалицијата

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека вечерва ќе ги продолжи разговорите со лидерите од Вреди по најавите дека коалицијата ќе прерасне во една политичка партија која како еден голем политички субјект ќе настапи на претстојните локални избори, но за тоа се уште нема согласност од Таравари.
„Од Вреди ги продолжуваме разговорите. Вечерва имам состанок, сите четири-пет претседатели на партии. Континуирано има комуникација. Се надевам дека работните групи ќе продолжат и ќе изнајдат најдобро можено решение што нема да биде фруструрачко или да речам, демотивирачко за партиите што се дел од Вреди“, рече денес лидерот Таравари по посетата на болницата во Гостивар.
Несогласувањата во коалицијата Вреди излегоа во јавност на крајот на минтиот месец. Партнерите во коалицијата на неколку состаноци не успеаја да се договорат која парија колку градоначалници ќе предложи за локалните избори наесен. Имаше гласини дека министерот Таравари побарал 50 отсто од кандидатите за градоначалници да бидат од неговата партија, на што не биле согласни останатите партнери во коалицијата. Таравари ниту демантираше ниту потврди дека барал 50 отсто од кандидатите да бидат од неговата партија. Тој кажа дека не бил известен дека останатите лидери веќе се договориле Вреди да стане политичка партија и преку медиумите им порача дека може да го задржат името, а Алијанса за Албанците да оди сама на локалните избори.
Лидерот на Демократско движење и министер за животна средина, Изет Меџити, како еден од основачите на Вреди го повика Таравари да остане во коалицијата и му порача да ги прекине преговорите со Демократската унија за интеграција.
Македонија
Пандов прави шоу и ги омаловажува колегите, реагира Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата реагира на прес-конференцијата на директорот на управата за извршување на санкции Александар Пандов во врска со настаните од КПД Штип.
„Во споменатата прес конференција директорот на ја објавува реалната состојба туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите. Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и да се избегнува јавна осуда пред да биде завршена постапката, а до нас доаѓаат информации од колегите дека изнесените ставови на Директорот во целост не соодветствуваат со истрагата и евидентираните преземени мерки во дневниот извештај“, велат од синдикатот.
Бараат од директорот и сите останати функционери кој периодов ја коментираат работата на полицијата во иднина кога објавуваат или коментираат работа на полициските службеници тоа да го прават со внимание по завршувањето на постапките во целост.
Македонија
Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и на директорот на штипскиот затвор во врска со случувањата во штипскиот затвор.
Вработените во реакцијта, што ја објави штипската телевизија „М нет“, велат дека директорот во своето излагање кажал многу невистини, кои не кореспондираат со реалноста и со преземените службени дејства на овластените службени лица.
„Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна, која се пласира на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поинаква и постапувањето во однос на пронаоѓањето сомнителни предмети фрлени од страна на лицата што дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има што и да било недозволено, да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип.
Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови, со самото разденување, повторно е направен обид да се пронајдат предметите, при што успешно е пронајдена најлонска кеса, во која е пронајдена и сомнителната прашеста и тревна материја. По нејзиното пронаоѓање, преземени се сите оперативно-протоколарни дејства, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР – Штип и крим-полицијата пристигнаа во затворот и пронајденото е предадено за понатамошно постапување. Евидентни се целосното постапување и преземените конкретни чекори во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен.
Во ниеден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза, како што беше споменато на прес-конференцијата од страна на директорите.
Исто така, сакаме да напоменеме дека токму за осуденото лице Ж. Ж. директорот на установата на неколку наврати дозволува посети надвор од работното време со телефонски повици кон одговорниот на смена, тоа е заведено во рапортните книги на установата, директорот на установата има дозволувано и вонредни пакети за ова осудено лице, но ништо од тоа не беше кажано на споменатата прес-конференција!“, напишаа вработените во КПУ „Затвор Штип’ до редакцијата на „М нет“.
Претходно, Пандов на прес-конференцијата тврдеше дека некој фрлил дрога преку оградата, а откога полицијата во мракот не ја нашла дрогата, затворските полицајци и затворениците следниот ден се правдале дека барале изгубен часовник. Целиот настан го регистрирале безбедносните камери во затворот. Пандов тврдеше дека кога директорот ги прашал затворската полиција и командирот што барале и зошто барале, зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка било дека затвореникот Ж. Ж. си играл со кучката Цеца, а имал скап часовник. Кучката му го зела часовникот додека трчала низ тревникот и му го изгубила, па вработените, за да му излезат во пресрет, го барале часовникот“, рече тогаш Пандов.