Вести
Американците сметаат дека Обама ги злоупотребува овластувањата

Мнозинството Американците го споделуваат мислењето на опозицијата дека претседателот Барак Обама не смее да ги спроведува своите политики заобиколувајќи го Конгресот, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мнение спроведено од Rassmusen Report.
Републиканската опозиција во САД смета дека претседателот Барак Обама ги злоупотребува овластувањата и авторитетот, обидувајќи се своите политики да ги спроведе носејќи декрети и заобиколувајќи го Конгресот. Како што се покажува од анкетата на Rassmusen Report, ваквото мислење го споделуваат и повеќето избирачи. Така, 63 отсто од испитаниците сметаат дека законите мора прво да бидат донесени од Конгресот. Само 22 отсто од анкетираните му го даваат правото на претседателот да внесува измени во закон донесен од конгресмените, доколку тој смета дека тие ќе ја зголемат неговата ефикасност. Минатата седмица Претставничкиот дом на САД ја поддржа резолуцијата којашто овозможува да се поднесе тужба за злоупотреба на претседателот Обама, за наводно надминување на овластувањата во реформите на здравствениот систем. Мислењата на Американците по оваа тема се поделени, позитивна оцена за акцијата на Претставничкиот дом дале 45 отсто од испитаниците, додека 44 проценти се изјасниле против. Притоа, 56 отсто се убедени дека дури и доколку опозицијата го даде на суд претседателот, Обама нема да ја промени својата тактика и ќе носи закони сам, доколку Конгресот продолжи да ги блокира неговите иницијативи. Само 30 отсто од гласачите во САД сметат дека тоа би одело во полза на Конгресот. Републиканците, коишто го контролираат долниот дом на Конгресот на САД, не се задоволни од тоа што претседателот се справува со опструкциите од страна на Конгресот, спроведувајќи ги своите политики преку носење декрети. Притоа Обама се потпира на правните советници во Белата куќа дека овие укази се во рамките на овластувањата на претседателот, коишто според уставот, значително се ограничени во полза на Конгресот. Сепак, судскиот поднесок против претседателот треба да се разгледува во Конгресот и во моментот нема особена тежина. Демократите, коишто го контролираат Сенатот на САД, немаа т намера да ја поддржат иницијативата на републиканците. /крај/мф/сн
Извор: Rassmusen Report
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.