Регион
Девојка се разнесе со бомба во својот стан во БиХ

Во понеделникот вечерта во станбениот комплекс во Зеница се случи трагедија кога Наида Чичак (22) се самоубила активирајќи рачна граната.
Нејзините пријатели биле зачудени од веста дека ведрата девојка, која живеела сама како кираџика во станот, решила да крене рака за себе.
„На почетокот мислевме дека нешто се случило во железарницата. Искрено, не ни помислував дека некој може да активира бомба во својот стан. Се слушна силна експлозија! Набргу пристигнаа полицијата и пожарникарите и сфатив дека нешто се случило во нашиот влез“, изјави сосетката на настраданата девојка за „Дневни аваз“.
Алдана Алиќ, портпаролка на ЗДК МУП, изјави дека сите докази досега укажуваат на тоа дека станува збор за самоубиство.
„Веројатно е рачна граната. Во таа пригода се случи смртта на зеничанката, која беше сама во станот“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.