Топ
Тешко повредени четворица пешаци на „Илинденска“, во нив удрил мотоцикл

Триесет и осумгодишен скопјанец со мотоцикл „бмв“, вчеравечер удрил во четворица пешаци на булеварот Илинден во Скопје. Повредените се на возраст од 45 до 76 години.
Пешаците се тешко повредени од ударот, а мотоциклистот добил полесни повреди.
Една жена била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, исто како и мотоциклистот, друга во Градската општа болница „8 Септември“, а преостанатите двајца повредени пешаци биле хоспитализирани во градската болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар која поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
Фирмата е во сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина, а за време на претресот биле најдени пластични буриња полни со марихуана, за кои фирмта не поседува никаква документација.
Од МВР инфрмираа дека претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во селото Горно Седларце, тетовско.
„Утврдени се низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар. Исто така, било утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација“, велат од МВР.
По насоки од јавен обвинител, пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот и вработениот се приведени.
Македонија
Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите.
Во испитувањето се осврнаа на неговата долгогодишна невработеност, на што тој вели дека неговата сопруга Зорица работела оти платата ѝ била поголема додека тој се грижел за децата.
Тој беше и прашан каков ученик бил, на што одговори: До петто одделение учев со Радмила Шекеринска, со која бевме првенци на генерацијата. Сакаа да ни ги сецираат мозоците за да видат што имаме во главите. Потоа во тинејџерските денови попуштив со учењето. Татко ми ме запиша во средно економско училиште за полесно да ме вработел“, сведочеше таткото на Вања.
Обвинителството со прашањата се обидува да го дискредитира Ѓорчевски за да докаже дека учествувал во заговорот да ѝ се бараат пари на мајката на Вања за откуп.
Обвинетите Манев, Видевски и Кешишев во сведочењата претходно рекоа дека не го познавале Александар Ѓорчевски и ја отфрлија неговата поврзаност во случајот со грабнувањето и убиството на ќерка му. На претходното рочиште и Ѓорчевски рече дека не ги познава и мижи со очите кога сведочат оти повеќе не може да ги гледа и слуша како раскажуваат што му направиле на неговото дете.
Македонија
„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го има во медиумскиот простор, дури и по цена да бараат тема онаму каде што нема“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Лекови за сите онколошки болни пациенти ќе има. Како што веќе објаснија од надлежните институции, моментниот недостиг на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки и за една недела, односно пред велигденските празници, сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци.
Оттука, го повикуваме СДС да престане да шири паника, лаги и манипулации.
Исто така, потсетуваме дека СДС е партија што ја води Венко Филипче, кој порано беше министер за здравство и кој е директно одговорен за наследената лоша состојбата во македонското здравство.
Кога сме кај грижата на СДС, токму за ваквите пациенти болни од рак, само ќе повториме дека СДС е партија во чие време на владеење на онколошките пациенти, наместо терапија, им се даваше физиолошки раствор, а скапата терапија завршуваше на црниот пазар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.