Соопштенија
Демократската партија на Турците: Пендаровски не најде место за член од турската етничка заедница на Советот за безбедност

Демократската партија на Турците реагира зошто на вчерашниот Совет за безбедност немало претставник на турската етничка заедница.
„Претседателот Стево Пендаровски, кој за време на неговата изборна кампања во секој наврат ја потенцира важноста на концептот на мултикултурализмот како основен постулат на државата, при изборот на најблиските соработници во неговиот кабинет, а исто така и при најновиот избор за членови на Советот за безбедност, како предлози од негова страна, за жал, не најде место за ниеден претставник од Турската етничка заедница, која е трета по бројност заедница во нашата држава“, велат од ТДП.
Тоа покажува дека, велат од таму, турската заедница и покрај безрезервната поддршка што му ја даде на претседателот при неговиот избор, е запоставена, односно отфрлена од страна на највисоката институција на државата.
„Поради овој факт, ние како Демократска партија на Турците во Република Северна Македонија длабоко сме разочарани, а воедно и крајно вознемирени од овој за нас дискриминирачки пристап од страна на претседателот на државата. За нас, несфатлив е фактот дека е изоставена досегашната пракса во Советот за безбедност да биде претставена нашата етничка заедница бидејќи во сите досегашни состави на Советот имало член од Турската етничка заедница“, се вели во соопштението.
Од партијата потенцираат дека, како што велат, ваквиот индиферентен пристап кон помалобројните етнички заедници е исто така спротивно со Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, која е една од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, кандидатот за градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставниците на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Општинскиот одбор Центар.
На средбата, Герасимовски им оддаде признание и благодарност за нивниот историски придонес и посветеност кон вредностите врз кои е изградена современата македонска држава.
„Секој разговор со нашите борци е потсетник на жртвата, храброста и идеалите што ја обликуваа нашата држава. Тие ја носат вистинската приказна за Македонија и ни покажуваат дека љубовта кон татковината не се изразува само со зборови, туку со дела, труд и одговорност,“ истакна Герасимовски.
Тој додаде дека генерациите денес имаат должност да го продолжат аманетот оставен од борците, да ја негуваат слободата, да го чуваат антифашизмот како трајна вредност и да градат општество засновано на праведност, солидарност и човечност.
„Слободата не е нешто што се добива еднаш засекогаш, туку вредност за која секој ден треба да се бориме,“ порача градоначалникот
Герасимовски, најави продолжена поддршка на идеите и активностите на Сојузот на борците.
Соопштенија
Марковски: До средно Водно за викенди само со автобус

„Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани, рече Горан Марковски, кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори од Граѓанската платформа „Независни заедно“.
Професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети, на почетокот, на Средно Водно и на врвот.
Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на викендите ќе биде забранет сообраќајот, а ќе можат да се движат единствено електрични автобуси (до Средно Водно).
Марковски зборуваше и за изградба на станица за прва помош на Средно Водно, како и за нова mountain biking – велосипедска патека направена по современи стандарди.
„Станува збор за мерки и политики кои се креирани во консултација со граѓаните, со луѓе кои поминуваат поголем дел од своето време на Водно, како едно од местата препознатливо за градот и за државата“, рече Марковски.
Соопштенија
ЗНАМ ја промовира програмата за транспаретно и отчетно работење на Куманово

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска пред медиумите го промовираше делот од програмата посветен на транспаретното и отчетно работење на општината и вистински квалитетен сервис за граѓаните.
„Во изминатите осум години ја зголемивме транспарентноста повеќе од двојно, и со резултат од 97.1% денес се наоѓаме меѓу најтранспарентните општини во државата“, изјави кандидатот за советник од редоовите на Движењето ЗНАМ – Дарко Митевски.
Општината, рече тој, ќе продолжи да вложува во јакнење на административните капацитети и приближување до граѓаните. Куманово ќе остане пример за правилно управување со јавните ресурси, за чесно, посветено, отчетно и транспарентно работење.
„Во програмата на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија предвидуваме серија проекти, активности, и заложби:
· Континуирана оптимизација на општинските сектори и одделенија во насока на подобар, поквалитетен и побрз сервис за граѓаните.
· Зајакнување на капацитетите на сите јавни претпријатија со фокус на доопремување со опрема и механизација, зголемување на кадровскиот капацитет, воведување на нови технологии и програми за обуки и доусовршување.
· Зајакнување на капацитетите на ТППЕ Куманово, со опрема, обуки и тренинг за пожарникарите.
· Дигитализација на најкористените општински услуги и нивно интегрирање на националниот портал за услуги.
· Електронски документ менаџмент систем за локалната самоуправа и јавните претпријатија.
· Воспоставување инфо-центар и инфо-линија во рамките на Општината, каде што граѓаните на едно место ќе можат да добиваат информации и услуги од административните службеници.
· Изработка на нова инклузивна веб-страница на Општината, приспособена за лица со попреченост, со јасен пристап до сите информации од јавен интерес.
· Развивање на нова мобилна и веб-апликација преку која граѓаните ќе имаат можност лесно да пријават проблеми, предлози и барања.
· Организирање на младински форуми и панел дискусии, каде младите ќе имаат можност активно да ги претстават своите идеи, ставови и иницијативи.
· Воспоставување нов систем за информирање во руралните средини преку поставување огласни табли и јавно достапни известувања.
· Одржување на јавни средби и форуми за граѓаните, за подобра интеракција и двонасочна комуникација.
· Навремено и редовно информирање на јавноста преку соопштенија и брифинзи со медиумите за сите значајни активности и одлуки на локално ниво.
· Издавање на дигитален општински весник, со информации за проектите, активностите и сите актуелни настани во општината“, рече тој.
Затоа, потенцира Митевски со полна одговорност може да се каже – Куманово денес е симбол на одговорно, отчетно и транспарентно управување.