Македонија
Кирацовски: Не знаев дека Боки 13 врши рекет, со него се сликав зашто инсистира
Пратеникот и доскорашен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по двочасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, изјави дека не знаел оти Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вршел рекет на одредени бизнисмени.
Кирацовски исто така истакна дека во Обвинителството бил повикан за еден мал сегмент. Тој рече дека немал никаква поврзаност, односно не ургирал кај градоначалничката на Битола за соработка со Меѓународниот сојуз за домот за стари лица.
„Немам никаква поврзаност со случајот. Повикан сум за еден мал сегмент. Ние сме чесни луѓе и сметам дека со мојот исказ помогнав истрагата за ‘Рекет’ да добие правилен тек“, рече Кирацовски.
Пратеникот од СДСМ на прашање на новинарите за заедничката фотографија со Боки 13 рече дека Јовановски инсистирал да ја направат.
Кирацовски денеска во Обвинителство беше повикан како сведок. Пред обвинителката Вилма Русковска се појави сам, без присуство на адвокат.
Оваа недела искази во Обвинителството дадоа пратеничката и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски, водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

