Македонија
Царовска: Шуто Оризари добива нова современа градинка
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска, ја посети градинката „8 Април“ во Шуто Оризари, која ги прави последните технички подготовки за почнување со работа.
„Навистина сум среќна што дечињата во Шуто Оризари добија современ објект во којо ќе може интерактивно да се вклучуваат и сите заеднички да учат и да се развиваат. Бидејќи навистина е важно предучилишното образование да почне што порано за децата понатаму да може да добијат подобра основа за основно и средно образование. Општина Шуто Оризари имаше своја градинка, но таа, сите сме сведоци, пред 4 години изгоре. Ние почнавме со изградба пред 2,5 години. Благодарение на норвешката амбасада, која ги донира средствата за иградба и УНДП, кој техничко го поддржуваа процесот на градба, МТСП целосно го финансира опремувањето. Со тоа се докажа дека со заеднички сили навистина можме да добиеме објект кој е современ и е според потребите на децата. Ние како Министерство интензивно градиме инфраструктура за прием на што повеќе деца во предучилишно образование, што значи дека градиме со план и инвестираме во децата, кои се иднината на државата“, изјави Царовска.
Градежните работи на градинката „8 Април“ се речиси целосно завршен. Норвешка обезбеди финансиската поддршка за овој објект во износ од 35 милиони денари.
„Новата градинка во Шуто Оризари е во духот на целите за одржлив развој и мотото ‘Никој да не биде изоставен’. Објектот обезбедува побезбедна, поекономична, поинклузивна и потопла средина соодветна за сите деца. Делиме иста визија со Владата дека сите заслужуваат еднакви можности и услови за згрижување и квалитетно образование“, потенцира Нарине Сахакијан, постојана претставничка на УНДП во државата.
Во моментот градинката располага со капацитет за 160 деца, а со планираната втора фаза на изградба објектот треба да добие и јасли со капацитет за 90 деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

