Забава
Уште 11 жени го обвинија Доминго за сексуална злоупотреба

Кога во почетокот на август излезе веста дека осум пејачки и една танчарка го обвинуваат Пласидо Доминго (78) за сексуална злоупотреба, познатиот оперски тенор повторно се најде во центарот на скандалот – уште единаесет жени го обвинија Доминго за сексуален напад.
Познатиот тенор рече дека овие обвиненија се полни со недоследности и не се точни.
„Со оглед на тековната истрага, ние нема да ги коментираме деталите, но силно ја оспоруваме погрешната слика што агенцијата АП се обидува да ја создаде за господинот Доминго“, коментирала портпаролката на Доминго, Нанси Селцер.
Наводно, Доминго ги принудувал жените да имаат сексуални односи со него за возврат ветувајќи им дека ќе им најде добра работа. Ако некоја жена го одбиела, според странските медиуми, тој ги казнувал оставајќи ги без ангажман. Една од нив тврди дека Доминго ги пикнал рацете под нејзиното здолниште, а три жени изјавиле дека ги присилил да се бакнуваат, една во соблекувалната, друга во хотелската соба и третата на деловен ручек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Михаел Шумахер роди девојче

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија (28), и нејзиниот сопруг Јан Бетке го добија своето прво дете.
„Добредојде во светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“, напиша Џина Марија на „Инстаграм“ покрај црно-белата фотографија од својата новородена ќерка.
View this post on Instagram
Објавата бргу предизвика лавина честитки и поддршка од фановите. „Честитки! Многу сум среќна за тебе. Ќе бидеш неверојатна мајка”, напишал еден следбеник, а друг додал: „Прекрасно! Најголемата радост што може да ја има секој“.
Забава
Џенифер Лопез фотографирана на снимањето филм, ги насмеа луѓето со своите гримаси

Актерката и пејачка Џенифер Лопез работи на нов филм. Станува збор за романтичната комедија Office Romance на „Нетфликс“, напишана од Брет Голдстајн и Џо Кели, а главните улоги ги толкуваат Голдстајн и Џенифер Лопез. Режисер е Ол Паркер.
Џеј Ло беше фотографирана на снимањето на филмот. Таа со своите гримаси насмеа многу луѓе.
Папараците ја снимиле како јаде сендвич и пие кафе.
Забава
Диета што ги убива мастите, а на многумина не им се допаѓа: позната актерка изгледа прекрасно во своите 60-ти поради овој начин на исхрана

Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансира и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.
Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.
Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житни зрна, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк, туку во супа или чорба.
Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е дозволено.
На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, напивки од бобинки, супи.
Кога станува збор за зеленчукот, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или блендирана.
Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира петпати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.