Спорт
Ван Дајк се договорил со Ливерпул за огромно зголемување на платата
Виргил ван Дајк е пред потпишување на нов шестогодишен договор со Ливерпул, со што ќе се обврзе на „црвените“ и дополнително ќе добие огромно зголемување на својата плата, објавува „Дејли мирор“.
Ван Дајк, кој неодамна ја доби наградата на УЕФА за најдобар фудбалер минатата сезона, а исто така е во игра иза „Златната топка“, беше клучен фудбалер за тимот на Јирген Клоп, кој минатата сезона ја освои титулата од Лигата на шампионите.
Ван Дајк би добил неделна плата од над 200.000 фунти, што е речиси двојно од неговата сегашна плата од 125.000 фунти плус бонуси. Холанѓанецот има уште четири години од својот договор со клубот од „Енфилд“, но управата на клубот сака нов договор откако Манчестер јунајтед го добија Хери Мегвајр за да го потврдат статусот на големиот Холанѓанец, кој пристигна во клубот пред само 20 месеци во јануари 2018 година.
EXCLUSIVE: Virgil van Dijk agrees new six-year Liverpool deal as Harry Maguire’s Man Utd transfer triggers huge wage hike | @Neil_Moxley https://t.co/wWAF2Dpqxz pic.twitter.com/gIcVNocdSX
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 7, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

