Економија
(Видео) Васев: Со ребалансот се крати од иднината на државата, за сметка на непродуктивни трошења
Зоран Заев и Нина Ангеловска со ребалансот на буџет упатија јасна порака до граѓаните дека не сакаат развој. Поважна им е личната комоција и уживањето со народни пари. Со ребалансот се крати од иднината на државата, за сметка на непродуктивни трошења, порача Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев и Ангеловска со ребалансот на буџет скратија цели 52 милиони евра од ставката за капитални проекти. Со 52 милиони евра, можеше да се направат 50-тина градинки, 20-тина училишта, или една клиничка болница како таа во Штип која еве веќе трета година не можат да ја довршат. Но ништо од тоа нема да има, затоа што власта се реши да крати од развојни проекти.
И додека се крати од ставката за капитални инвестиции, се фрлаат пари на непотребни трошења. Имено Заев и Ангеловска решија да потрошат дополнителни 650 илјади евра на патни и дневни расходи. За власта беше поважно да даде 650 илјади евра за патни трошоци на функционерите, отколку да покрие една од десетиците операции во странство за кои гледаме како граѓаните секојдневно молат преку разни донации за нивните најблиски.
Раскалашеноста на власта не застанува тука. Со ребалансот се предвидени и нови 7 милиони евра за договорни услуги, ставка што сама по себе е широка категорија и власта може овие пари да ги троши за нови партиски вработувања, хонорарни ангажирања и други работи за кои што можат да префрлаат пари директно од државата на партијата.
Ребалансот на буџетот е уште еден доказ зошто Зоран Заев мора да си замине. Македонија со Заев не само што стои во место, туку почна и да стагнира. Предвремени избори час поскоро за излез од безперспективноста во која не втурна како држава СДСМ, рече Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

