Контакт

Вести

Обама: Путин не ме надмудри ниту мене, ниту САД

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама ги отфрли забелешките според кои рускиот претседател Владимир Путин ги надмудрил и него и САД во текот на украинската криза,
 

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама ги отфрли забелешките според кои рускиот претседател Владимир Путин ги надмудрил и него и САД во текот на украинската криза,

 

Владимир Путин не е никаков шаховски велемајстор кој ги надмудри САД и Обама, а поради своите политики и санкциите кои за Русија ги воведе Западот во моментот се соочува со голема финансиска криза во земјата поради настаните во Украина, изјави американскиот претседател во интервју емитувано на американската телевизиска мрежа CNN во неделата, а снимено во петокот пред неговото заминување на Хаваи каде ќе ги мине божикните празници.

„Три-четири месеци наназад се зборува дека Путин, како велемајстор, ги надиграл Западот или Обама, но сега тој претседателствува со земја чијашто валута доживеа колапс, голема финансиска криза и големи економски пад. Не изгледа дека ме победил мене или САД“, рече Обама.

„Идејата дека фразата ‘прво пукај, па размислувај’ создава впечаток на сила, е погрешна“, смета Обама. Притоа истакна дека во сферата на меѓународните односи САД се’ уште веруваат дека „доколку е возможно проблемите да се решат со дипломатија, тие тоа ќе го направат“./крај/мф/сн

Извор: CNN

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Македонија36 минути

Одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници...

Регион49 минути

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...

Свет54 минути

Дали имало траги од куршуми на хеликоптерот? Објавен е прелиминарен извештај за падот на авионот на иранскиот претседател

Трупот на хеликоптерот на починатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, се запалил откако удрил во рид, се наведува во прелиминарниот...

Свет1 час

САД воведува визни ограничувања за Грузијците: „Вреди за оние кои ја гушат демократијата“

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го...

Европа1 час

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во...

Регион14 часа

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше...

Македонија18 часа

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија19 часа

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија19 часа

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија19 часа

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија20 часа

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...

Македонија22 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија23 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија24 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет1 ден

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија1 ден

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет1 ден

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...