Свет
Си-ен-сн со детали за оставката на Џон Болтон
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и досегашниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, минатата ноќ имале жестока караница. Тие се расправале за планот на Трамп да ги прими лидерите на талибанците во Кемп Дејвид, пренесе Си-ен-ен повикувајќи се на два неименувани извора запознаени со настаните.
Американската телевизија наведува дека не е јасно дали расправата се водела преку телефон или во живо. Си-ен-ен пренесува и наводи и на неименувани извори од опкружувањето на Трамп дека Болтон со месеци иритирал луѓе не само поради различните политички ставови туку и поради начинот на однесување.
Изворот прецизирал дека Болтон ги иритирал функционерите во Белата куќа со своите тактики, стилот и храбрите настапи. На пример, како што рекол изворот, Болтон патувал со многу членови од персоналот, понекогаш не со истиот авион како претседателот и се однесувал речиси како да е државен секретар.
Си-ен-ен додава дека Болтон не бил во судир само со Мајк Помпео, туку дека не го поднесувал ниту шефот на персоналот на Белата куќа, Мик Малвени.
Многу од функционерите, како што наведува телевизијата, за оставката на Болтон дознале од твитот на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.