Македонија
Пропаднаа преговорите меѓу власта и опозицијата, неизвесна судбината на СЈО
По повеќе од 7 часа, доцна во ноќта пропаднаа преговорите на власта и опозицијата, а со тоа и договорот за закон за јавно обинителство со кој ќе се овозможи продолжување на работата на СЈО. Новинарите во два часот по полноќ го напуштија Собранието и не го дочекаа исходот од лидерската средба.
Според неофицијални информации, на маса била понудата за две обвинителства, од кои едното ќе биде ново и ќе гони висока корупција сторена од сите функционери. Предлогот бил шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата, но тоа било одбиено од ВМРО-ДПМНЕ. За нив не било прифатливо ова ново обвинителство да ги гони корумпираните функционери во иднина, односно само по неговото формирање.
ВМРО-ДПМНЕ била повеќе заинтересирана обвинител на нивен предлог да ги преземе предметите на СЈО, но за СДСМ тоа не било прифатливо затоа што сметале дека така опозицијата ќе ги уништи, односно сите предмети ќе ги затвори. За предметите во СЈО, отворени по 30 јуни, Христијан Мицкоски барал да се затворат со закон.
По неуспешната и долга средба, од преговарачкиот тим на власта брифираа дека со преземање на предметите од страна на ЈО целосно е обезбедена иднината на сите предмети на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството. Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство, брифираат од преговарачкиот тим на власта.
Според нив, шефот на јавното обвинителство ќе одреди, согласно законските овластувања, кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, велат, судбината на случаите ќе се решава во јавното обвинителство и во судството, а не на преговарачка маса меѓу политичките партии.
На синоќешната лидерска средба се очекуваше да се постигне решение за законот за ЈО, кој треба да се донесе најдоцна до 15 септември со двотретинско мнозинство во парламентот. Законот е во собраниска процедура и е почната амандманската расправа за него. До 15 септември завршува мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.
За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

