Контакт

Македонија

Комунална со засилени активности во Чаир и Кисела Вода

Објавено пред

Екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска спроведе превентивно-информативни разговори со сопствениците на трговските објекти на скопската Пластичарска улица (бул.Никола Карев). Дуќанџиите беа информирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, со цел да се спречи создавањето диви депонии и да се заштити животната околина.

dobivaj vesti na viber

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги засили дежурствата на повеќе локации во овој реон, што се маркирани како црни точки со најчеста појава на несовесно одлагање на отпадот од страна на граѓаните. Во три смени се спроведуваат дежурства кај Теќето на Пластичарската улица, во близина на ТЦ „Чаирчанка“, на улиците Џон Кенеди и Втора македонска бригада.

Екопатролата деновиве реализира и дежурства во скопската општина Кисела Вода, во координација со општинските комунални редари. Активностите се одвиваат на најпроблематичните локации на улиците Христо Татарчев и Димо Хаџи Димов, каде што е забележано континуирано создавање диви депонии како резултат на неправилно исфрлање на отпадот и прекршување на Законот за јавна чистота.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште

Објавено пред

Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.

Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Објавено пред

ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.

dobivaj vesti na viber

„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.

Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.

ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието, имаме шест се бориме за седум пратеници

Објавено пред

Вечерва славиме пасокизација на СДС и факторизација на Левица, изјави првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев.

dobivaj vesti na viber

„Во првата изборна единица имаме двајца пратеници – Апасиев и Хактан, во двојка еден фиксен, нашиот портпарол, Амар Мециновиќ, во тројка еден фиксен, се бориме за втор за ситно за 300 гласа да влезе покрај Борислав Крмов и Александар Симонов и така цел пресидум да бидеме во парламент, во четврка влегува Сашко Јанчев и во петка Јована Мојсовска – првата жена пратеник на Левица“, рече Апасиев.

Како што додаде нивната заложба успеала – кутната е црвената буржоазија на под 20 пратеници.

Друга значајна победа, како што рече Апасиев, преполовен е проектот ЗНАМ на половина од претседателските избори.

„Ова покажува дека овој изборен систем повторно не’ краде, затоа што некаде го водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број на пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица, воведување на една изборна единица“, рече Апасиев.

Се заблагодари на сите активисти кои не потклекнале на малодушноста и најави дека ќе продожат пет пати посилно од сега, оти, како што рече Апасиев, секој пратеник вреди колку 10 нивни.

„Да знаат дека ги чека пекол во собранието со нашите борбени пратеници“, рече Апасиев.

Според бројот на мандати, објавени на страната на ДИК, Левица добива шест пратеници во Собранието.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија1 час

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија3 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија3 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија4 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија5 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија5 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија5 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија5 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија5 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија5 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија6 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија8 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија8 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија11 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија11 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...