Македонија
Мицевски: Власта ја спаси Катица Јанева од разрешување
„Денес на очиглед на целата македонска јавност власта ја спаси осомничената Катица Јанева од разрешување. На денешниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред како прва точка разрешувањето на осомничената специјалната обвинителка Катица Јанева, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одби овој наш предлог, со што се стави на страната на заштита на Јанева“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова покажува дека нивните сомневања за координација и синхронизација помеѓу Катица Јанева, Владата на Зоран Заев, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески се дел од планот за спас на Катица Јанева и високи функционери од државниот врв.
„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот. Дали заштитата на Катица Јанева од страна на СДСМ и Зоран Заев е индиректно заштита на високи функционери на власта коишто учествувале во оваа најголема досега криминална афера со оглед на тоа дека Катица Јанева има информации коишто ќе ја докажат вмешаноста на државниот врв во аферата „Рекет“.
Со гласањето против да се стави точката за разрешување на Катица Јанева на дневен ред падна маската на СДСМ дека се за правда и дека законите важат за сите подеднакво. Денес покажаа и уште подлабко го поткопаа правниот систем на Република Македонија и дека единствено што ги интересира е како да се амнестираат за сопствените криминали.
За да запре ова самоволие и уништување на правната држава од страна на Зоран Заев и СДСМ, го повикуваме господинот Талат Џафери денес да закаже итна седница на којашто единствена точка на дневен ред ќе биде разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева со оглед на тоа дека оваа точка веќе помина со едногласна одлука за разрешување на Комисијата за прашања за изборите и именувањата. Апелираме до господинот Џафери, СДСМ и пратениците од парламентарното мнозинство да престанат со тактизирање и глумење борци за правда и правна држава и уште денес осомничената Катица Јанева да биде разрешена од нејзината функција за да може да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител”, рече Мицевски.
Денеска на пленарна седница во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со образложение дека предлог-одлуката е едногласно изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата што се одржа на 5 септември и поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на обвинителката. Предлогот беше одбиен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

