Спорт
Подобрена здравствената состојба на Михаел Шумахер во париската болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/mihael.jpeg)
Михаел Шумахер е во свесна состојба откако во понеделникот беше примен во париска болница на лекување со матични клетки. Седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во болницата „Жорж Помпиду“ поради трансфузија на матични клетки кои намалуваат воспаление. Во 2013 година 50-годишниот Германец се здоби со тешки повреди на мозокот додека скијаше на Алпите.
Легендарниот возач на Формула 1 треба да биде пуштен од болница денес, а неименувана француска медицинска сестра за „Ле Парисиен“ рече:
„Да, јас сум одговорна за Шумахер и бидете сигурни дека тој е свесен“.
“
Мајкл Шумахер е во индуцирана кома од неговата несреќа на скијање, а специјализирана нега добива во неговиот дом во Лозана од септември 2014 година. „Ле Парисиен“ исто така тврди дека Шумахер два пати бил лекуван во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз, но секојпат бил примен под лажно име.
Неговиот престој во болницата во Париз привлече големо внимание на јавноста, па цело време Шумахер го придружуваа десетина агенти за безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803645.jpg)
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот