Македонија
Отворен повикот за учество на Skopje Design Week

Мултидисциплинарната платформа Skopje Design Week есенва ќе го претстави своето деветто издание преку најновите достигнувања на производните компании, дизајнерите и дизајн-студијата од балканските земји. По тој повод, Skopje Design Week почнувајќи од денес па до 15 октомври отвора повик до сите производни или увозно ориентирани компании, дизајнери, дизајн-студија и неформални групи кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката македонска и регионална сцена.
На Skopje Design Week годинава ќе може да се изложува мебел, осветлување, елементи за ентериер, секојдневни предмети, аксесоари за домот, производи и инсталации од рециклирани материјали, модна и спортска облека, алати, уреди и опрема, амбалажи, а приоритет ќе се даде на производите и прототипите кои го подобруваат начинот на живот и работа, оние кои користат локално достапни материјали и технологии, имаат избалансирани трошоци за производство, оние кои ги следат критериумите за еколошки производни процеси, односно самите производи и нивините амбалажи да бидат економични и еколошки од секој аспект.
На деветтото издание учество веќе имаат потврдено најуспешните производители од регионот кои успеаја во изминатата декада да се искачат до самиот врв во однос на промоција на нивниот бренд и продажба на производите. Со своите последни колекции и наградени прототипи на мебел и предмети за домаќинство ќе ги видиме во живо, Prostoria, Artisan, Gazzda, Zanat, GIR, Grupa, Feydom, Zavar Design и други.
Програмата и оваа година е стратешки поставена со цел да се доживее дизајнот со висока естетика и функционалност во полето на продукт-дизајн, мода, дизајн на накит, музика, гастрономија и бизнисите воопшто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Црвениот крст денеска исплати средства на 156 повредени од пожарот во Кочани

Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани.
Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000,00 денари.
Во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.
Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147.199.101,00 денари.
„Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Остануваме и понатаму посветени во мобилизирањето на хуманитарна помош која ќе биде во функција на поддршка за настраданите од големиот пожар.
Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан. Црвениот крст на РСМ наскоро отвара Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во градот Кочани кој со своите активности ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на Македонија“, се наведува во соопштението.
Македонија
СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани. За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино.
Истрагата е потполно неселективна и правдата ќе биде исполнета. Но, прашањето е зошто истите тие судии и обвинители, не се позанимаваат со тоа на каков начин Филипче го добил луксузниот џип од 130.000 евра, од фирма добитник на тендер во време на СДС и ДУИ?
Зошто ЈО молчи за сите сомнежи кои секојдневно ги пренесуваме преку соопштенија и прес-конференции? Зошто ЈО го штити Филипче на некој начин и не се отвора постапка против него? Дали има некаква друга причина која јавноста не ја знае и затоа тие молчат кога Филипче е во прашање?
За ист таков случај, ЈО отворило постапка за Пеце Мирчевски, меѓутоа кога потрчкото на Заев е во прашање, за него нема никаква постапка?
Правда мора да има. Затоа потребни се итни реформи во судството, затоа што не смее за едни да е мајка, а за други маќеа“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта, досега поднесени над 13 илјади пријави

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година.
Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.
„Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран.
Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. Министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето“, велат од МОН.
Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.