Македонија
Османи во посета на Шведска
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денека ќе престојува во работна посета на Шведска, каде што ќе се сретне со министерот за европски прашања, Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка, Питер Ериксон, како и со претседателот на парламентот, Андреас Норлен.
Како што соопштија од кабинетот на Османи, централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година, а ќе стане збор и за билатералната развојна соработка, како и за парламентарната соработка помеѓу двете земји.
Во агендата на Османи за периодот што следи предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, на почеток на следната недела, по што ќе следуваат Берлин, Варшава итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?
Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност, како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан? СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери. Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО. Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување. Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината. Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби. Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја – рече Стоилковски.
Македонија
Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ
Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.
„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.
Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.
„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.
Македонија
Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај
Санкционирани се 157 возачи на територијата на целата држава, при полициски контроли за време на празничниот 1 Мај.
Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола, објави МВР.
За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.