Македонија
Министерот Филипче на Глобален самит за вакцинација во Брисел

Министерот за здравство, Венко Филипче, сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, и д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, учествуваат на Глобалниот самит за вакцинација што денеска се одржува во Брисел. Самитот го организира Европската комисија во соработка со Светската здравствена организација, а под заедничко покровителство на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
„Главната цел на самитот е да се даде видливост на повисоко ниво и политичко влијание на темата вакцинација, што претставува најуспешната мерка за јавното здравје и заштитува милиони животи секоја година. Истовремено го демонстрира ставот и лидерство на ЕУ кон глобална посветеност на вакцинацијата, ќе ја зајакне политичката посветеност кон елиминација на болести што се спречуваат со вакцините и ќе ги ангажира политичките лидери и лидери од научното, медицинското, индустријата, филантропското и граѓанското општество во глобална акција против ширењето на дезинформациите поврзани со вакцините“, соопштија од Министерството за здравство.
Темите на панел-дискусијата околу која излагаат панелистите се однесуваат на глобалната стратегија зголемување на довербата во вакцините, засилување на истражувањата за вакцините, развој и иновации и создавање глобален одговор за осигурување на јавното здравје, безбедност и просперитет преку имунизација.
На Самитот се присутни околу 400 учесници од целиот свет, вклучувајќи политички лидери, високи претставници од ООН и други меѓународни организации, министерства за здравство, водечки академици, научници и здравствени професионалци, приватниот сектор и невладини организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.
Македонија
Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.