Македонија
Царовска: Годинава издвојуваме двојно повеќе средства за поддршка на жртви од родово насилство
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во Собранието го презентира годишниот извештај на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.
„Оваа година имаме издвоено двојно повеќе средства, односно 6 милиони и 400 илјади денари за имплементација на конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство, сè со цел да ја зајакнеме заштитата. Сепак, би сакала да истакнам дека превенцијата е она што е најмногу потребно во нашата држава. Кога ќе се случи жртва ние правиме максимум да ја заштитиме и да тоа не се повтори, но многу подобро за државата ќе биде да најдеме начин да тоа го превенираме и токму во оваа насока работиме“, истакна Царовска.
Во контекст на Истанбулската конвенција беа воспоставени 3 центри за упатување на жртви на сексуално насилство, каде може да се обезбеди интегриран и целосен одговор на жртвите. Во насока на јакнење на националните капацитети за идентификување на жртви/потенцијлни жртви на трговија со луѓе во јануари 2018 година беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика за формирање на мобилни тимови. Овие тимови ќе придонесат кон продлабочување на соработката помеѓу овие две институции со цел идентификација на ранливите категории лица, меѓу кои спаѓаат и жртвите на трговијата со луѓе. Мобилните тимови се составени од социјален работник, полициски службеник и претставник од граѓанскиот сектор и официјално почнаа да функционираат во март 2018 година.
Понатаму, МТСП со UN Women почна со активности за воспоставување на Ресурсен центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. Центарот ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.
Заедно со Агенцијата за вработување, МТСП настојува на еднакво учество на мажите и жените во активните програми и мерки за вработување, како и учество на младите лица до 29 години, од најмалку 30%.
„Се радувам што стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот. Исто така се усвои и новиот Закон за прекинување на бременоста, којшто и дава слобода и право на жената да решава за сопственото тело“, дополни Царвоска.
Со оперативниот план за вработување 2018 година беа опфатени активностите кои се однесуваат на специфичната стратешка цел – подобрување на политиките и мерките за надминување на пречките за зголемена вработеност на жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

