Црна хроника
Случај Ореше: Одбраната побара иземање на претседателот и член на судскиот совет
По четврти пат им се суди на Ѓоре Петров и браќата Ордан и Љубчо Ѓоргиеви, јави велешкиот портал Лисица.
Откако Апелација на поништи ослободителната пресуда за осомничените за платеното убиство на 74 годишниот Лазо Милошевски судиката Тања Милевска го почна процесот. Но само што почна бранителите на второобвинетите, браќата Ѓоргиеви побараа иземање на судиката која го води предметот и членот на судскиот совет. Причините за ваквото барање адвокатот Давидовиќ ги оправда со тоа што двете судики постапувале во претходните кривични постапки, а според Законот, тие не може да постапуваат во судечкиот предмет.
„Претседателот на судечкиот совет и членот веќе учествувале во овој предмет во кривичниот совет, како претседатели на кривичен совет, едниот судија пет пати, другиот еднаш, донеле одлуки за продолжување на мерката притвор спрема обвинетите“, рече Звонко Давидовиќ, бранител.
Барањето за иземање на судиките, според Обвинителството е обид за одолговлекување на судскиот процес кој се води веќе шеста година, одбраната на првообвинетиот Ѓоре Петревски е децидна, дека се бара само почитување на правото.
„Очекувам навистина овој пат да завладеат основните начела на законот за кривична постапка, а тоа е легалитетот, законитост, објективност и непристрасност на судот“, рече Ангел Ѓоргиев, бранител
За случајот Ореше во Основниот суд во Велес, водени се три постапки. Двапати судијата Танев ги прогласуваше второобвинетите за виновни и изрекуваше казна затвор од по 12 години. Третиот пат, откако заштитениот сведок јавно проговори и го промени својот исказ, судијата Танев пресуди ослободителна пресуда.
Овој предмет сега во води нов судски совет бидејки претходниот водечки судија, обвинителот, истражниот судија, адвокати и новинар поради злоупотреба на службената должност и земање поткуп во процесот Ликвидација се осудени на казна затвор.
Во декември 2005 година во својот дом беше убиен 74 годишниот Лазо Милошевски.Три години потоа започна судењето. Следното рочиште судиката Милевска го закажа за 1 април. /крај/лсц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

